Боли глава од промашениот пенал на Икарди

Фудбалерите на Галатасарај го победија Истанбулспор со резултат 1:0, а натпреварот го одбележа неверојатното промашување од пенал на Мауро Икарди во 37. минута од натпреварот.

 

Во 36. минута беше досуден пенал за Галатасарај за прекршок над Икарди. Неговиот соиграч Керем Актуркоглу потоа ја зеде топката и изгледаше дека ќе шутира, а потоа настана шок кај сите присутни, но и кај гледачите крај ТВ екраните.

Актуркоглу му ја остави повратната топка на Икарди, а иако голманот веќе беше паднат, Аргентинецот шутираше далеку. Икарди ја стегна главата во неверување, но се искупи само пет минути подоцна кога постигна гол за победа на Галатасарај.

URL

На овој начин фудбалерите на Галатасарај не успеаја да го копираат пеналот кој успешно го изведоа Лионел Меси и Луис Суарез на мечот Барселона - Селта на 14 февруари 2016 година, кога Меси му асистираше на Уругваецот од пенал за конечни 4:1.

Инаку, прв на ваков начин изведе пенал славниот Јохан Кројф.

Во декември 1982 година, на мечот меѓу Ајакс и Хелмонд Спорт, Холанѓанецот требаше да изведе пенал кога ја допре топката лево и му ја додаде на Јеспер Олсен кој на крајот му ја врати топката на Кројф во празна мрежа. Потег без преседан кој влезе во фудбалската историја и беше копиран во иднина.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе