Борец во сабота слави 100 години

Фудбалскиот прволигаш од Велес во сабота ќе одигра ревијален натпревар со српски Вождовац по повод роденденската прослава за 100 години од формирањето.

По тетовски Љуботен кој уште на пролет го прослави стоттиот роденден, сега дојде ред и на Борец. И велешкиот клуб е формарин во истата година како тетовчани, 1919, но неколку месеци покасно. Затоа Љуботен е официјално најстариот македонски активен клуб.

Борец роденденот ќе го прослави со пријателски натпревар против Вождовац кој ќе се игра во сабота на стадионот со вештачка трева „Зоран Паунов“ со почеток во 16 часот.

„Најстариот клуб во нашата земја одбележува 100 години, решивме по овој повод да организираме пријателски натпревар со Вождовац од Белград, екипа во која неодамна премина и играчот од редовите на Борец, Марко Горгиевски. Очекувам како и досега полни триби. Задоволство ми е што ги вративме навивачите на трибините. Очекувам навивачите да уживаат во фудбалот и сите заедно да го одбележиме овој значаен јубилеј на ФК Борец и на градот Велес“, МИА ја пренесува изјавата на сопственикот на клубот, Кочо Анѓушев.

Велешкиот клуб е формиран под името Напредок, кратко време се викал и Црвена Ѕвезда, а од 1926 година е познат како Борец, гордоста на Велес. Од попознатите играчи кои играле за Борец се издвојуваат Јосе Николов, Трајче Ковачев, Зоран Паунов, Зоран Петковски, Илчо Боров и Панче Ќумбев.

Во сезоната 1988/89 ја освои тогашната Републичка лига на Македонија, односно трето ниво во Југославија. По независноста двапати беше најдобар во второлигашката конкуренција во 1996/97 и минатата сезона 2018/19 кога по пауза од долги 18 години се врати во Првата лига.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе