Британец пиел 30 лименки Pepsi дневно, зависноста ја решил со хипноза

Британецот Енди Кари тврди дека дневно пиел по 30 лименки Pepsi повеќе од 20 години и дека трошел повеќе од 8 илјади долари годишно за да го купи овој пијалак. Открил и дека се ослободил од оваа зависност со помош на хипноза.

„Го обожавав вкусот на ладното Pepsi. Ништо не можеше да го надмине и едноставно се навлеков. Бидејќи често работев ноќни смени во супермаркет, шеќерот успеваше да ме држи буден“, изјави тој за South West News Service.

Набрзо станал зависен и не можел да функционира доколку не го пие. Во меѓувреме се здебелил дури 120 килограми и бил изложен на ризик од срцеви заболувања и рак на панкреасот.

И покрај строгата диета и режим на вежбање, благодарение на кои изгубил 12 килограми, тој и натаму бил зависен од Pepsi. Тогаш неговата сопруга Сара решила да контактира со хипнотизерот Дејвид Килмури.

Дејвид наводно го хипнотизирал Енди и после тоа повеќе не чувствувал жед по гореспоменатиот газиран пијалак. Сесијата се одржала онлајн и траела само 40 минути. Енди потоа успеал да изгуби уште 6 килограми за еден месец.

„Сега претпочитам да пијам вода. Мојата сопруга ми рече дека кожата ми изгледа подобро и имам многу повеќе енергија. Немам поим што зборуваше Енди за време на хипнозата, но дефинитивно не сакам повеќе да консумирам Pepsi“, вели тој.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Живот

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Read more

Што после средно?

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе