Францускиот фудбалер Карим Бензена првпат во кариерата освои в Златна топка, награда што се доделува за најдобар фудбалер во свето, во избор на францускиот весник France Football.
Радоста ја сподели со неговите најблиски, меѓу кои беа неговата девојка и бившата сопруга.
Напаѓачот на Реал Мадрид беше во друштво на мајка му Малика Бензема, девојката Џордан Озуна и бившата сопруга Кора Готиер и нивниот син Ибрахим.
Бизарниот момент се случи кога Карим Бензема ја прими наградата и се заблагодари на најблиските.
Неговата бивша сопруга е снимена со солзи во очите кога беше прогласен за добитник на Златна топка, а изгледа декаљ фудбалерот останал во добри односи со француската манекенка со потекло од Гвадалупе. Заедно беа во врска од 2016 година до 2019, а верски се венчаа во 2017 година.
Кора е мајка на синот Ибрахим (5), а францускиот напаѓач има и ќерка и син од врската со Клои Де Лонеј.
Бензема во меѓувреме ја запозна Џордан Озуна, 32-годишна американска манекенка. Таа на Instagram сподели низа заеднички фотографии со Бензема од гала вечерта и порача дека е горда на нејзиниот дечко.