Четири совети за мајките кои се под голем стрес

Да се биде родител е еден од најголемите предизвици во животот, бидејќи носи огромна одговорност. Мајката и таткото мора да бидат доктори, аниматори, психолози, најдобри пријатели и уште низа улоги кога ќе добијат дете.

Во денешниот свет е нормално жените покрај тоа што се мајки исто така се и домаќинки и деловни жени, а тој притисок и одговорност оставаат голема трага на нивната психа. Да се остане прибран и смирен во секоја ситуација е многу тешко, затоа мора да најдете начин на кој ќе може да го канализирате сиот насобран стрес.

Научете да барате помош

Традиционалниот начин на воспитување деца е сменет низ генерациите. Жените некогаш претежно биле домаќинки, останувале дома за да ги раснат децата и се грижат за домот. Денес, освен тие обврски, имаат и кариера и други обврски.

Затоа, поради овој начин на живот потребна им е помош од најблиските луѓе во нивната околина. Мора да имаат време за себе, барем еднаш неделно да одвојат по неколку часа за работи кои ги сакаат и исполнуваат.

Добра организација

Добрата организација е значи да имате доволно време, бидејќи недостигот на време е голем извор на стрес. За да го избегнете тоа, одржувајте добра организација на вашите активности и должности.

Најдете време за себе

Клучно за вас е да најдете време и хоби кое ќе ве ослободува од секојдневниот стрес. На овој начин ќе ги исчистите мислите кои секојдневно ве окупираат. Пронајдете го повторно вашето „јас“ преку дружба со пријатели или хоби во кое уживате.

Разговарајте за вашите чувства

Најважната работа е да се соочите со подемите и падовите кои доаѓаат со родителството. Бидете свесни дека не сте должни да одржувате слика на совршена мајка, бидејќи во суштина никој не е тоа. Немојте да се срамите од вашите емоции и лошите денови, туку споделете ги со партнерот, пријателите и другите мајки кои сигурно ќе ве разберат.

Вие сте пример за вашето дете и модел на однесување, преку вас ќе научи дека не е погрешно да ги кажете вашите чувства.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Живот

Трик со две состојки спречува црната облека брзо да избледи

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Со еден трик брашното останува свежо и до една година

Read more

Американски психолог откри кои фрази родителите треба да им ги кажуваат на децата во моменти на лутина

Read more
 

Магазин

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Читај повеќе

Трик со две состојки спречува црната облека брзо да избледи

Читај повеќе

Најлоши места во домот за собни растенија

Читај повеќе

Со еден трик брашното останува свежо и до една година

Читај повеќе

Американски психолог откри кои фрази родителите треба да им ги кажуваат на децата во моменти на лутина

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најмистериозни подводни аномалии

Читај повеќе

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажна пица од тост леб готова за 10 минути

Читај повеќе

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Читај повеќе