Четворица играчи на излезна врата од Барса

Каталонскиот гигант Барселона на трансфер листата стави четворица фудбалери, но е подготвен да продаде уште двајца важни играчи доколку за нив добијат добри понуди.

Раководството на Барселона ќе ги продава Франк Кеси, Џорди Алба, Феран Торес и Ансу Фати.

Покрај „четворката“ која е сигурна на трансфер листата, челниците на каталонскиот гигант се подготвени да ги слушнат понудите за Бразилецот Рафиња и Ерик Гарсија.

Веќе подолго време се зборува за заминувањата на Феран Торес и Ансу Фати. Клубот за двајцата бара најмалку 50 милиони евра и таа цифра треба лесно да ја наплати.

Со продажбата на Фати, клубот ќе ја ослободи „десетката“ што му ја дадоа откако Лионел Меси си замина од клубот.

Франк Кесие се поврзува со враќање во Италија. За него сериозно се заинтересирани Јувентус и Интер, а Барса би можела да инкасира најмалку 30 милиони евра за 26. годишниот фудбалер.

Џорди Алба е најголемиот проблем на Барса. Има огромен договор и не сака да си замине една година пред крајот на соработката, а има 36 милиони причини да не го направи тоа.

Треба да се напомене и дека за Рафиња е заинтересиран англискиот Њукасл Јунајтед, а во случај на добра понуда лесно може да се случи Бразилецот да го напушти и „Камп Ноу“.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе