ЦУК: Низ земјава активни десетина пожари со различен интензитет

Според податоците на Центарот за управување со кризи, до 13 часот на територијата на државата се активни дестина пожари со различен интензитет и тоа кај месноста Бајаз Тепе, кај селата Нов Истевник, Разловци, Драгоево, Топлица и Романовце, на потегот меѓу селата Раовиќ и Буковиќ, меѓу селото Дивље и месноста Крушје, кај селата Дрен и Смолани, на Китка и крај патот Шипковица-Бродец.

Пожарот во атарот на Делчевско е активен, при што се појавиле нови жаришта. Пожарот кај село Разловци на местото викано Чокалица е локализиран, но екипите се уште се на лице место.

Пожарот во атарите на селата Тработи и Нов Истевник на натот кон Света Вода е ставен под контрола, но на местото остануваат 4 вработени од Шумското стопанство за да ја контролираат состојбата, а останатите се повлечени и упатени кај село Разловци.

Се уште е активен и пожарот на територијата на Општина Пехчево и се шири на територијата на Берово. Гаснењето се одвива на непристапни подрачја над село Будинарци и од силниот ветер огност се шири кон атарот на село Мирашинци, каде гори борова шума. Од ЦУК посочуваат дека се бара помош од АРМ со 30 војници и средства за гаснење на пожарот бидејќи ситуацијата е алармантна.

Пожар избувнал и во атарот на село Драгоево во Општина Штип, а според ЦУК, има сознанија и за ново жариште кај село Богословец на територијата на Свети Николе.

Огнената стихија на потегот меѓу селата Раовиќ и Буковиќ во Општина Сарај се движи кон сртот и нема опасност за селата. Таму гори мешана шума на доста непристапен терен, па на место на пожарот нема ниту една екипа.

Со воздухоплови е дејствувано кај пожарот во реонот на Катланово, односно на потегот меѓу селата Дивље и месноста Крушје. Пожарот сега се движи кон Дивље и поради дејството на авијација, оневозможено е гаснење од земја.

Пожар е регистриран на Преслап на Китка, кој со време губи на сила.

На подрачјето на Прилеп се активни два пожари и тоа во атарите на селата Дрен и Смолане каде гори сува трева и шума, а постои опасност да биде зафатена и високостеблеста борова шума, како кај село Топлица покрај магистралниот пат Прилеп – Градско.

Помали пожари се активни покрај патот Шипковица-Бродец во Тетовско, каде гори сува трева, како и во атарот на кумановското село Романовце, каде е опожарена сува трева.

На територијата на Велес локализиран е пожарот од правец на Крушје кон селото Џидиминци и тој не се шири, додека огнот меѓу селата Иванковци и Мамутчево е изгаснат, откако се опожарени 8 хектари стрништа. 

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Македонија

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Read more

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Read more

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Read more

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе