Дали Модриќ стана излишен во Реал?

Лука Модриќ има договор со Реал до крајот на сезоната и сè уште не е познато дали ќе го продолжи.

Капитенот на хрватската репрезентација сака да ја заврши кариерата во Мадрид, но Реал го одложува продолжувањето на договорот со 37-годишниот играч за врска.

Дел од навивачите сметаат дека Модриќ е во пад на формата и дека не заслужува да остане уште една сезона во Реал. Така мисли и легендарниот играч на Реал Гути, кој одигра повеќе од 500 натпревари за Реал и кој кариерата ја заврши во 2011 година во турски Бешикташ.

„Се сомневам дека Модриќ ќе остане... Тој нема да има поголема улога следната сезона и не му треба на Реал. Не знам дали ќе дојде Џуд Белингам или некој друг играч од средниот ред, но Модриќ во одреден момент ќе мора да си замине“, изјави Шпанецот Гути и додаде дека Реал ќе го продолжи договорот со Карим Бензема, напаѓач кој исто така има договор до крајот на сезоната.

Модриќ оваа сезона одигра 22 натпревари за Реал и постигна пет гола со две асистенции. Во Реал е од 2012 година, а мадридски AS вчера објави дека минутажата на Модриќ ќе биде намалена бидејќи не е во форма и тренерот Карло Анчелоти сака да ја темпира формата за клучниот дел од сезоната.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе