Денеска е Кинеска Нова Година: Што ќе им донесе на родените во Годината на Тигарот?

Кинеската Нова Година паѓа денеска, 1 февруари 2022 година, а прославата ќе кулминира со Фестивалот на фенерите на 15 февруари 2022 година.

Прославата трае дури 16 дена, но само првите 7 се сметаат за празник. Ова е Година на Tигарот.

2022 година е година на тигарот, додека 2021 беше година на Бикот. Тигарот е третиот знак на кинескиот зодијак. Родените во знакот на Тигарот се храбри и активни луѓе кои сакаат добар предизвик и авантура во животот.

Оваа година на родените во знакот на Тигарот ќе им донесе просперитет, успех, големи животни промени, но и предизвици. Ако сте родени во знакот на Тигарот, 2022 е совршено време да ги направите оние големи животни чекори за кои сте се колебале досега.

Во знакот на Тигарот 虎 (hǔ) се родени луѓето во: 1926, 1938, 1950, 1962, 1974, 1986, 1998, 2010, 2022 година.

                     Година            Почеток на лунарната година        Крај на лунарната година

Што им носи среќа на родените во знакот на тигарот:

Среќни бои: сина, зелена

Среќни броеви: 1, 3, 7

Среќни цвеќиња: цвет на слива

Среќен правец: север

Што им носи несреќа на родените во знакот на тигарот:

несреќни бои: бела

несреќни броеви: 4, 9

Карактерни особини, силни и слаби страни на Тигарот

Личностите родени во знакот Тигар се карактеризираат со силна независност и силно чувство на самодоверба. Тие не се социјални и сакаат да бидат сами. Тие се оптимисти и ентузијасти по природа; тие секогаш изгледаат како неисцрпен извор на енергија, особено на работа. Нивната најголема сила се нивната неверојатна енергија и очите. Она што веднаш ги привлекува другите луѓе е чувството дека се „поголеми од животот“.

Тие се многу живи и весели, ја сакаат слободата и мора да имаат свој личен простор. Имаат многу префинето чувство за правда и кога ќе се соочат со неправда - сигурно нема да стојат настрана.

Кај понезрелите припадници на овој знак може да се препознае незнаење и непромисленост.

Генерално, луѓето родени во овој знак поседуваат упорност, лојални се, брзи и во центарот на вниманието во се што прават.

Која е силата на родените во знакот на Tигарот?

Родените во знакот на тигарот се храбри и смели, иако имаат слатка и шармантна страна. Нивните амбиции се огромни. Тие се авантуристи и поседуваат доволно храброст да се претворат во пионери во она што го работат. Тие работат неуморно за да го променат светот на некој начин.

Тие секогаш зборуваат директно и смело. Тие се чесни и праведни, во нив ќе најдете витештво кое не му припаѓа на овој модерен свет. Токму овој квалитет ги прави природни лидери. Имаат силно чувство за одговорност и секогаш ќе си го одржат зборот.

Слабости на Tигарот

Тигрите можат да бидат бунтовни и егоцентрични. Ова често ги прави осамени и се чувствуваат изолирани. Диктаторското однесување кон љубовните партнери, исто така, може да ги спречи да имаат среќен семеен живот.

Имаат многу познаници, колеги и соработници, но многу малку пријатели.

Во исполнувањето на своите цели и амбиции знаат да бидат тврдоглави и арогантни, не попуштајќи на ништо за да го постигнат она што го замислиле.

Познати личности родени во знакот на Тигарот

Џим Кери: 17.1.1962

Меган Фокс: 16.5.1986

Леонардо ди Каприо: 11.11.1974.

реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Read more

Живот

Доматите имаат еден многу опасен несакан ефект: Некои луѓе не треба да ги јадат

Read more

15 особини кои ги имаат најретките и најпосебнитe луѓе

Read more

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Дали градината треба да се полева наутро или навечер?

Read more
 

Магазин

5 работи кои се забранети после 5 попладне ако сакате да ослабете

Читај повеќе

Доматите имаат еден многу опасен несакан ефект: Некои луѓе не треба да ги јадат

Читај повеќе

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Читај повеќе

15 особини кои ги имаат најретките и најпосебнитe луѓе

Читај повеќе

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Читај повеќе

Како да испечете вкусен и крцкав леб во тенџере?

Читај повеќе

Дали градината треба да се полева наутро или навечер?

Читај повеќе

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Читај повеќе

Направи магија вредна 500.000 денари

Читај повеќе