СЕРИЈА А 2021/22

Ди Канио: Мурињо ја направи истата грешка како во Тотенхем

Поранешниот играч на Лацио го критикуваше Жозе Мурињо велејќи дека играчите на Рома се плашат од него, исто како што беше со играчите во Тотенхем.

„Џалоросите“ се надвор од водечката четворка, места кои водат во Лигата на шампионите наредната сезона, што е нивна цел сезонава.

Синоќа одиграа 2:2 на гостувањето кај Сасуоло и пропуштија шанса да ја намалат разлииата во однос на четвртопласираниот Јувентус, кој одигра 1:1 со Аталанта, уште еден ривал за четвртото место.

Remote video URL

Во последно време Муруњо ги критикува своите играчи и во соблекувалната и јавно, нешто што Паоло Ди Канио го гледа како повторување на грешка, со оглед на тоа што португалскиот стратег истото го правеше и во Тотенхем.

„Мурињо удри по соблекувалната, како сите фанови кои ги критикуваат играчите кои заработуваат милиони“, вели Ди Канио за Sky Sport Italia.

„Само додаде масло на огнот. Истото го правеше и во Тотенхем, ги обвинуваше играчите, но тамошните навивачи не му поверуваа. Беше еден бод зад Ливерпул, потоа загуби од 'Црвените' и капитулираше во наредните осум натпревари. Повторно почна да зборува за играчите и судиите, но не со ваков интензитет. Не му помина кај навивачите, па се збогуваа со него“.

„Најжестоките навивачи на Рома сѐ уште го бранат Мурињо, но играчите на Рома се плашат и страв им е за тоа да зборуваат со тренерот“.

Ди Канио многу добро знае каков е притисокот да се носи дресот на еден од римските гиганти. Тој е дете на Лацио каде настапуваше до 1990 година пред да замине на долга авантура по други клубови, а потоа се врати како ветеран и настапуваше од 2004 до 2006.

„Играчите на Рома и Лацио се чувствуваат како Бред Пит кога сѐ оди како подмачкано бидејќи низ градот се зборува за нив. Но, се плашат кога губат и живеат во страв да направат било што“, заврши легендарниот напаѓач.

реклама

Фудбал

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more

Меси повторно растура!

Read more

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе