Џо Бајден: Путин не знае што го чека

Американскиот претседател Џо Бајден зборуваше во Конгресот за состојбата на нацијата. Во својот говор Бајден рече дека САД нема да испратат војници во Украина, туку дека американските сили се распоредени во Европа за да им помогнат на сојузниците.

Американскиот претседател беше пречекан со силен и продолжен аплауз во Конгресот. Тој беше придружуван од потпретседателката Камала Харис, а на клупите на Конгресот беше и амбасадорката на Украина во САД, Оксана Макарова, која седна до првата дама Џил Бајден и го вееше знамето на својата земја.

„Минатата година нè раздели COVID-19, а оваа година повторно сме заедно“, го започна својот говор Бајден.

„Рускиот претседател Владимир Путин пред шест дена се обиде да ги разниша самите темели на слободниот свет, мислејќи дека тоа би можело да го натера да се потчини на неговите закани. Но, погрешно пресметал кога ја нападна Украина. Мислеше дека ќе ја прегази Украина и светот нема да реагира. Налета на ѕид. Тој наиде на украинскиот народ. Претседателот Зеленски и издржливоста на украинскиот народ го инспирираат светот. Луѓето кои блокираат оклопни возила, обичните луѓе од ученици до наставници, ја бранат својата земја“, рече тој.

„САД се со Украина. Од историјата учиме дека хаосот настанува кога диктаторите не ја плаќаат цената за своите постапки. Нападот на Путин врз Украина беше испланиран и испровоциран од апсолутно ништо, и покрај сите предупредувања. Мислеше да ги подели Европа и светот, не успеа“, рече Бајден.

Путин е поизолиран од кога било

„Путин сега е изолиран во светот, повеќе отколку што некогаш бил“, рече Бајден.

„Од ова место испраќам порака до руската влада и олигарсите кои заработија милијарди под корумпираниот режим - нема повеќе да го правите тоа!“, рече Бајден. Министерството за правда на САД формира работна група за истрага на руските олигарси за нивните злосторства, додаде тој.

„Вечерва им се придружуваме на сите сојузници и го затвораме американскиот воздушен простор за целиот руски сообраќај. Не знае што го чека“, рече Бајден, додавајќи дека тоа дополнително ќе ја загрози руската економија.

„Заедно со сојузниците во моментов воведуваме остри санкции, руската економија е уништена, таа пропаѓа, а за тоа е одговорен само Путин, никој друг“, рече тој.

„И додека тој можеби напредува на бојното поле сега, тој на крајот ќе ја плати цената. Во текот на историјата, украинскиот народ покажа дека нема да толерира никој што се обидува да ја врати назад нивната земја“, рече тој.

„Америка ослободува 60 милиони барели нафта од резервите ширум светот за да се осигура дека цената на нафтата нема да дивее. Ќе излеземе од ова“, рече тој.

„САД нема да испраќаат војници во Украина“

„Да бидам јасен, нашите сили не се ангажирани и нема да се вклучат во конфликт со руските сили во Украина“, рече американскиот претседател.

„Наместо тоа, американските трупи се распоредени низ Европа, не за да се борат во Украина, туку за да ги бранат нашите сојузници во НАТО во случај Путин да одлучи да го нападне Западот“, рече тој.

„За таа цел, ги мобилизиравме американските копнени сили, воздушни ескадрили, трупи за заштита на земјите на НАТО, вклучувајќи ги Полска, Романија, Летонија, Литванија и Естонија“, додаде тој.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Read more

Свет

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Read more

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Read more

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе