Светската атлетска федерација (World Athletics, поранешна ИААФ) има намера да воведе вистинска револуционерна промена во дисциплината скок во далечина.
Имено, во иднина повеќе нема да има даска за одраз на атлетичарите и атлетичарките.
Наместо даската за одраз, би се поставило многу пошироко поле, со што ќе се намали веројатноста за престап при скоковите.
Светската атлетика се одлучи на оваа промена бидејќи на последното светско првенство дури третина од скоковите беа поништени поради престапи.
Новите правила ќе се применуваат веќе оваа година, тестирани во некои помали натпреварувања, а од 2026 година ќе важат и за најголемите.
Тоа значи дека на Олимписките игри во Париз ова лето последен пат ќе ги видиме даските за одраз на спортистите.