Додадете го ова во утринското кафе и цел ден ќе бидете полни со енергија

Покрај тоа што ќе имате повеќе енергија во текот на денот, ќе ви се намали и апетитот па нема толку често да посегнувате по храна – што е одлично доколку планирате да ги изгубите вишокот килограми.

Станува збор за мешавина од кокосово масло, какао и природен шеќерен алкохол (еритритол), кој се нарекува и здрава замена за класичниот шеќер. Секое утро, една кафена лажичка од оваа смеса се додава во топлото кафе. Оние кои го пробале овој начин на добивање енергија велат дека навистина помага.

Инаку, какаото е богато со железо, бакар, магнезиум, манган, калиум, фосфор, цинк и селен. Покрај тоа, какаото е храна која има исклучително високо ниво на антиоксиданси, повеќе од повеќето други намирници.

Улогата на кокосовото масло е да го успори варењето на кофеинот и да ги намали несаканите ефекти од кафето. Содржи одредени заситени масни киселини кои лесно се разградуваат и релативно брзо се претвораат во енергија. Комбинацијата од кокосово масло и кофеин ги намалува драматичните подеми и падови на енергијата во телото и обезбедува енергија која е подолготрајна и постабилна.

Исто така, масните киселини како кокосовото масло го намалуваат апетитот и гладот, па можат да придонесат за губење на вишокот килограми. Според едно истражување, луѓето кои за појадок јадат храна со такви масни киселини обично ручаат подоцна од оние кои немаат таква навика.

Потребни состојки:

  • чаша од 2,5 dcl омекнато кокосово масло
  • чаша од 2,5 dcl какао
  • 3 лажички еритритол

Подготовка:

Сите состојки убаво измешајте ги, за да се изедначи смесата, па ставете ја во тегла и во фрижидер за да се зацврсти. Потоа чувајте ја теглата во шкафот до кафето и додавајте ја во утринската шолја од вашиот омилен пијалак - по една кафена лажичка. Мешајте додека не се раствори.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Здравје

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе