Додека некои се откажуваат, Huawei и Samsung не попуштаат: Прават мобилен со двојно преклопување

Два кинески бренда, Oppo и Vivo, наводно решиле да се повлечат од пазарот на паметни телефони на преклоп, но оние кои остануваат на него се чини дека имаат да понудат нови интересни решенија.

Компаниите Oppo и Vivo, според некои гласини што доаѓаат од Кина, се подготвени да се откажат од понатамошното производство на паметни телефони со екрани на преклопување. И ова веројатно важи и за OnePlus, бидејќи нивниот OnePlus Open на преклопување е во основа Oppo Find N3 наменет за светскиот пазар.

Причината за ваквата одлука на двата кинески бренда, наводно, е тоа што нивниот удел на пазарот на паметни телефони со преклопување е „значително намален“ во текот на изминатата година. Затоа, во наредниот период полека ќе се повлечат од тој дел од пазарот и ќе го остават на Honor, Samsung, Huawei...

А токму Huawei, се чини, работи на сосема нов иновативен преклопен уред, кој треба да се натпреварува, не со други телефони од тој тип, туку да си го најде своето место на пазарот на таблет компјутерите. Уредот со двојно преклопување, во форма на латинската буква Z, неофицијално наречен и три-преклоп, треба да биде првиот што ќе се превиткува на две шарки.

Според она што е досега познато, Huawei има за цел да го лансира иновативниот фаблет (се сеќавате што беше тоа?) пред крајот на јуни.

Како најголем конкурент во овој сегмент, Samsung, според непотврдени информации, ја завршил работата на развојот на „ролачки“ дисплеј, односно екран на „намотување“. И бидејќи очекувањата од овој сегмент на пазарот постојано растат, не би било големо изненадување доколку некој нов „ролачки“ Samsung наскоро ја види светлината на денот.

URL

Исто така, опортунистите во светот на „преклопувачите“ сметаат дека и јужнокорејската компанија би можела да го следи патот на Huawei и наскоро да ја надополни својата понуда со нов „триделен“ уред.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Мобилни

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Read more

Samsung повторно е најголем производител на смартфони во светот

Read more

Apple ќе овозможи поправка на iPhone со користење на користени делови

Read more

HMD ги претстави Nokia мобилните 6310, 5310 и 230

Read more
 

Гик

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе