Еден полнач за сите: Apple е против, ЕУ сака да го намали отпадот

На гости сте и сфаќате дека батеријата на вашиот iPhone e речиси празна, а полнач не носите. Пријателот ви нуди негов полнач, ама тој користи Android, па сега веќе имате проблем.

Европската Унија сака да се прифати нејзината иницијатива за воведување стандарден полнач што ќе одговара на сите видови смартфони. Унијата се надева дека со овој потег ќе се спречи зголемувањето на обемот на електричен отпад, а и корисниците би биле позадоволни.

Електричен отпад

Годишно се фрла повеќе од 51 илјади тони електричен отпад, а најголем дел од тоа отпаѓа на стари полначи за смартфони, истакнува ЕУ.

ЕУ верува дека со оваа акција за универзален полнач ќе се подобри квалитетот на живеење на корисниците кои веќе нема да мора да купуваат нов полнач секојпат кога ќе купат нов смартфон, објави Interesting Engineering.

ЕУ без поддршка

Челниците на компанијата Apple сметаат дека стандардизацијата на полначите нема да донесе значителна промена во количината на електронски отпад.

Секој кој користи паметен телефон пак би морал да го фрли полначот што го користи сега и да купи нов – универзален.

Повеќе од 1 милијарда корисници моментално користат полнач на Apple. Ако се земе тоа предвид, корисниците на iPhone со фрлањето на старите полначи би го зголемиле веќе огромното количество елекронски отпад, сметаат од Apple.

Заштеда на нерви и пари за корисниците

Комисијата за внатрешен пазар и заштита на потрошувачите при Европскиот парламент веќе расправаше за воведување единствен полнач за сите мобилни апарати и помали електронски уреди кон средината на минатата година.

Според потпретседателката на европските социјалисти Биљана Борзан, овие промени би можеле да се реализираат веќе следната година.

„Тоа се добри вести за граѓаните. Секој има по неколку стари полначи во фиоките, а постојано купуваме нови. Некои полначи дури ја зголемуваат цената на апаратот, па затоа стандардизацијата според која би постоел еден полнач за сите видови на мобилни телефони, како и други помали електронски апарати, ќе доведе до заштеда“, истакна Борзан.

Таа додаде дека електронскиот отпад се зголемува од 3 до 5 отсто годишно низ земјите од ЕУ и мерките кои досега ги преземала Европската комисија не донеле големи резултати.

Производителите, наводно, не даваат никаков одговор, бидејќи ним различните полначи, кои се менуваат со секоја генерација на мобилни телефони, им овозможуваат профит од кој не сакаат да се откажат.

Податоците покажуваат дека со стандардизација на полначот за половина електронски уреди, потрошувачите ќе заштедат повеќе од половина милијарди евра до 2021 година.

„Тоа би бил само еден мал чекор кон одржлива потрошувачка. Дури 78 отсто од потрошувачите морале да го заменат својот мобилен телефон бидејќи проблемот не е решен во фазата на дизајн на производот и на тоа планирам да работам и понатаму“, наведува Борзан.

реклама

Путин: Готова е првата руска вакцина за коронавирус

Read more

10 август 1913, Со Букурешкиот договор била поделена Македонија

Read more

Забрзано опаѓа бројот на заразени во Шведска, епидемиолозите не знаат точно зошто

Read more

Голема експлозија и во Русија

Read more

Хардвер

Konami започна со производство на гејмерски компјутери

Read more

Новиот Apple Watch 6 ќе детектира напади на паника

Read more

Објавени првите фотографии за Samsung Galaxy Watch 3

Read more

Lenovo го претстави лаптопот Chromebook 3

Read more

Гик

TikTok ги претстави првите креатори на кои ќе им плаќа за видео содржини

Читај повеќе
  • filter

Еколошка катастрофа: Насуканиот танкер во Маврициус би можело да се преполови

Читај повеќе
  • play_arrow

25 најдобри Single Player видеоигри во 2020

Читај повеќе

Twitter сака да ја купи TikTok и да ги преземе американските операции

Читај повеќе

Сенатот го поддржа Трамп: Едногласно гласаше за забрана на TikTok

Читај повеќе
  • play_arrow

SpaceX лансираше ракета со нови Starlink сателити

Читај повеќе

Богатството на Марк Закерберг порасна на 100 милијарди долари

Читај повеќе

На Арктикот исчезнаа две санти мраз стари 5.000 години

Читај повеќе

Постапката за одобренија за 5G во Македонија ќе почне до крај на годината преку аукција

Читај повеќе