Експертите открија: Пивото може да помогне во хидратација на телото, но под еден услов

Иако пиењето алкохол во услови на високи температури обично се смета за лош потег бидејќи го дехидрира телото, експертите открија дека уживањето во пиво после работа всушност може да биде корисно.

Одговарајќи на вирална дебата на Twitter за тоа како да се надминат горештините, д-р Стјуарт Галовеј од Универзитетот во Стирлинг за Daily Mail рече дека бидејќи пивото содржи електролити и висока содржина на вода, може да биде корисно за хидратација.

Умереноста е важна

Сепак, тој додаде дека секој корисен ефект веројатно ќе се изгуби ако испиете повеќе од 2 литра. Дебатата ја поттикна д-р Ели Мекин Робертс, Австралијка која живее во Англија, кога на Twitter го сподели својот план од 10 чекори за спас од дехидрација за време на топлотниот бран.

„Ако сте дехидрирани (и ако сте полнолетни и ако ви е дозволено тоа), испијте половина литар пиво (вклучувајќи безалкохолно!) и потоа префрлете се на вода“, напиша таа.

Секако, не изостанаа коментарите на нејзината објава, а многумина прашуваа зошто препорачува пиво кога се знае дека алкохолот има диуретично дејство.

Пивото содржи електролити, шеќер и сол, а сето тоа му помага на телото да ја апсорбира и задржува течноста, наместо таа само да минува низ вашето тело. Сепак, други пијалаци, како што се некои спортски пијалаци, ги содржат горенаведените компоненти. Но, ако имате само пиво во вашиот фрижидер, помала количина проследена со многу вода би можела да биде одлична опција.

Пивото може да се смета како дел од дневниот внес на течности доколку не пиете премногу

Д-р Стјуарт Галовеј, експерт за хидратација, потврди за Daily Mail дека пивото може да се вброи како дел од дневниот внес на течности.

„Пивото има релативно висока содржина на вода и содржи некои електролити, па ако мала количина се консумира како дел од дневниот внес на течности заедно со безалкохолните пијалаци како што е водата, пивото може да се вклопи во вашиот план за хидратација од топлотниот бран. Сепак, треба да бидете свесни дека алкохолните пијалаци ќе доведат до дехидратација ако пиете премногу“.

Понатаму, тој додаде: „Особено со пиво, ако пиете повеќе од два литра, тоа најверојатно ќе има негативен ефект и ќе го дехидрира вашето тело“.

Тој објаснува дека истото правило важи и за кафето и чајот:

„Слична ситуација се случува и со пијалаците кои содржат кофеин, на пример, црното кафе е главно зовриена вода, па затоа е дел од вашиот дневен внес на вода“.

Тој потврди дека сепак најздрав начин за внесување течности е пиење газирана или негазирана вода.

реклама

Пороен дожд, град и силен ветер во Качаничката Клисура и Скопска Црна Гора

Read more

Кога почнува староста?

Read more

Ѓоковиќ контра Јокиќ: Да ја претставуваш својата земја на Олимпијада е чест и привилегија

Read more

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Здравје

Кога е најдобро да појадувате за здраво срце?

Read more

Што да очекувате кога ќе прекинете да ги земате апчињата за контрацепција?

Read more

Во пржените јајца додадете спанаќ - имунитетска бомба

Read more

Најдобрите замени за месо: Здрави протеини од растително потекло

Read more
 

Магазин

  • filter

Римјаните 16 века пред Французите го измислиле бикинито

Читај повеќе

Кога почнува староста?

Читај повеќе

Кога е најдобро да појадувате за здраво срце?

Читај повеќе

Што да очекувате кога ќе прекинете да ги земате апчињата за контрацепција?

Читај повеќе

Во пржените јајца додадете спанаќ - имунитетска бомба

Читај повеќе
  • play_arrow

Најопасниот предмет во светот: Само 5 минути до него може да бидат фатални

Читај повеќе

Неделен хороскоп до 26 мај според рускиот астролог Павел Глоба

Читај повеќе

Дали сексот е подобар наутро или навечер?

Читај повеќе

Најдобрите замени за месо: Здрави протеини од растително потекло

Читај повеќе