САД и земјите од ЕУ потпишаа договор кој се однесува на снабдување со течниот природен гас.
Целта на договорот е да се намали зависноста на Европа од руската енергија. Според договорот, САД за ЕУ ќе обезбеди најмалку 15 милијарди кубни метри дополнително гориво LNG до крајот на годинава.
Соопштија дека ќе ја прекинат употребата на рускиот гас како одговор на руската инвазија на Украина, а тоа автоматски значи нов увоз и создавање големи количини обновлива енергија, пишува BBC.
Договорот беше објавен денеска, за време на тридневната посета на американскиот претседател Џо Бајден на Брисел. Бајден и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен разговараа за инвазијата на Украина и понудија нова поддршка за Киев.
Русија е главен снабдувач на енергија во Европа, а нејзината инвазија на Украина предизвика цените на енергенсите да достигнат рекордно високо ниво.