Европски земји со најчиста вода за капење во 2022

Квалитетот на европските води за капење драматично се подобри во последната деценија, а новиот извештај на Европската агенција за животна средина откри дека скоро 85 проценти од местата за капење се рангирани како одлични.

Годишниот извештај за водата за капење следи скоро 22.000 копнени и крајбрежни места за капење ширум земјите членки на ЕУ, Албанија и Швајцарија во текот на 2021 година.

Велика Британија, бидејќи ја напушти ЕУ, за првпат изостана од извештајот.

Австрија, која е земја без излез на море, е позната по бројните преубави езера и се наоѓа на врвот на листата за најчисти води за капење. Дури 97,7 проценти од нејзините води се прогласени за одлични.

По неа следуваат Малта, Грција, Хрватска и Кипар.

Погледнете ја листата на земји со најчиста вода за капење во Европа:

1. Австрија (97,7%)

2. Малта (96,6%)

3. Грција (95,8%)

4. Хрватска (95,7%)

5. Кипар (93,3%)

6. Данска (90,4%)

7. Германија (90,4%)

8. Бугарија (89,8%)

9. Литванија (89,2%)

10. Португалија (88,5%).

Процената ја направена од Агенцијата во соработка со Европската комисија. Локални и национални власти зеле примерок од водите во текот на сезоната на капење и ги анализирале видовите бактерии кои укажуваат на загадување од канализација и чување стока.

Водите се оценети како одлични, добри, доволно добри или лоши, според стандардите на ЕУ.

Пливањето во лоши води може да доведе до болести, ако се проголта вода пливачите можат да доживеат болки во стомакот или дијареја.

Франција имала 99 места за капење оценети како лоши што значи дека мораа да бидат затворени во екот на следната сезона на капење.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Живот

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Read more

Што после средно?

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе