Федерер: Играв повреден последниве три месеци

Роџер Федерер, третиот тенисер на светот, вели дека повредите се зад него и сега е 100 отсто подготвен за да ја продолжи сезоната и борбата со најдобрите.

Швајцарецот во текот на сезоната на трева го повреди зглобот на раката и во текот на оваа повреда тој играше на Вимблдон, а потоа и во Соединетите Американски Држави.

„Сега немам никакви проблеми со здравјето. Беше поинаку во последните неколку месеци, бидејќи ја повредив раката за време на сезоната на трева. Беа потребни три месеци за да оздравам“, рече Роџер.

Федерер сега го очекува турнир во Базел, а токму пред овој настан тренираше и со Стен Вавринка, кога и се обрати на медиумите.

„Кога ќе ја повредите раката или зглобот на раката секогаш е потребно време за повредата целосно да помине. Лошо се чувствував бидејќи играв повреден три месеци и затоа сега сум среќен што конечно сѐ е во ред“, истакна Швајцарецот.

Федерер во првото коло во Базел ќе се сретне со српскиот тенисер Филип Крајиновиќ, а мечот е на програма во вторник.

„Ако загубам во првата рунда во вторник повторно сѐ ќе биде поинаку. Овој турнир го освоив осум пати, но секогаш морам да знам дека станува збор за нов турнир“, заклучи легендарниот Федерер.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Грција воведува шестдневна работна недела

Read more

Тенис

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Read more

Надал елиминиран од Де Минор

Read more

Алкарас нема да ја брани титулата во Барселона

Read more

Ѓоковиќ одби да одговори на новинарско прашање, тајната на успехот ја чува 15 години

Read more
 

Спорт

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе