Компанијата Oppo го претстави доаѓањето на првиот смартфон на преклон речиси три години откако го покажаа прототипот.
Find N наликува на Samsung Galaxy Fold, a резултат е на 4-годишен интензивен развој и 6 генерации на прототип. Официјалното претставување е закажано за 15 декември.
Од компанијата не открија детали за процесорот, екранот и другите спецификации, само објавија рендер и видео. Ветуваат одличен уред кој ќе биде едноставен за користење.
Освен смартфонот на преклоп, Oppo ќе претстави и други производи. Oppo Inno Day се одржува на 14 и 15 декември.