ЗИМСКИ ОЛИМПИСКИ ИГРИ ПЕКИНГ 2022

Финска ѝ го зеде златото на Русија во хокеј

Бранителот на златниот медал од Пјонгчанг не успеа да го одбрани медалот откако финските хокеари предводени од Валтери Филпула беа подобри на мразот во Пекинг славејќи со 2:1.

И без дел од најдобрите хокеари поради тоа што не добија дозвола да отсуствуваат од НХЛ, Олимпијадата сепак виде добар хокеј. На крајот прогнозите се остварија, во финалето се сретнаа Финска и Русија. Русите важеа за благи фаворити, но на мразот во Пекинг сепак поуспешни беа Финците.

Русија прва дојде во водство и тоа во 8. минута од првата третина користејќи ја предноста од играч повеќе откако Бјорнинен доби 2 минути исклучување. Михаил Григоренко беше стрелец на голот на асистенција на Гусев и Нестеров.

Се играше 4. минута во втората третина кога Финците се вратија во игра благодарение на Виле Пока на чиј гол кумуваа Охтамаа и Бјорнинен.

До победничкиот погодок Финска дојде во 31. секунда од третата третина кога акцијата на Антила и Охтамаа в гол ја заврши Ханес Бјорнинен, инаку играч на фински Јокерит кој настапува во руската КХЛ, втората најдобра лига на светот после НХЛ.

До крајот Русите не успеаја да го најдот патот до финската мрежа и да се изборат барем за продолженија, па Финска дојде до победата и златниот медал, прв пат во својата олимписка историја откако двапати претходно губеше во финале. Финска има и 4 бронзени медали.

URL

Русија останува на 8 злата од кои дури 7 се во ерата на СССР, а денеска го освоија третото сребро. Имаат и 2 бронзи.

Синоќа во борбата за бронзата убедлива победа оствари пријатното изненадување Словачка декласирајќи ја Шведска со 4:0. Токму Словакот Јурај Слафковскиј заврши како најдобар стрелец на турнирот со 7 гола, додека неговиот колега Патрик Рибар со 96,58% одбранети удари е најдобриот голман.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Останати спортови

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Read more

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Read more

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Read more

Падна светскиот рекорд во маратон

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе