Франција ги укина повеќето мерки непосредно пред претседателските избори

Франција денеска ги укина повеќето ограничувања за коронавирусот, како што е обврската за носење маски на повеќето јавни места и забраната на невакцинирани лица да влегуваат во барови, ресторани и кина.

Одлуката е донесена на помалку од еден месец пред првиот круг од претседателските избори и во време кога бројот на новозаразени повторно расте, па некои научници се прашуваат дали не е рано да се ублажат мерките.

„Можеме да дишеме и да мирисаме мириси што ги немавме мириснато веќе подолго време“, рече градежниот работник Жан-Ив Ричард.

Виржини де Бушер, банкар, рече дека укинувањето на обврската за носење маски на работното место е олеснување.

„Се чувствувам полесно, можеме повторно да ги видиме насмевките на луѓето“, рече таа.

Маските повеќе не се задолжителни во училиштата, канцелариите и продавниците, а остануваат задолжителни во болниците и јавниот превоз. Потврдите за вакцинација повеќе нема да треба да се покажуваат за влез во барови, ноќни клубови, музеи, стадиони и меѓуградски возови.

Франција вчера потврди повеќе од 60.000 нови инфекции, една третина повеќе од истиот ден една недела порано. Жан-Франсоа Делфраиси, шеф на научниот совет кој ја советува владата за пандемијата, повика на претпазливост и истакна дека ризичните групи луѓе треба да продолжат да носат маски.

„Пандемијата сè уште не е завршена“, нагласи Делфраиси.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Свет

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Read more

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Read more

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе