Франција го поддржува повикот за налог за апсење на Нетанјаху

МАКФАКС
/ 21.05.2024 / 11:11

Министерството за надворешни работи на Франција соопшти дека ја поддржува независноста на Меѓународниот кривичен суд (ICC) и неговата „борба против неказнивоста“, во врска за издавање налози за апсење на лидерите на Израел и Хамас.

„Франција го поддржува Меѓународниот кривичен суд, неговата независност и борбата против неказнивоста во сите ситуации“, се вели во соопштението објавено во понеделникот, пренесува Reuters.

Додадена е осуда на „антисемитските масакри“ од страна на милитантната група Хамас на 7 октомври, како и можните прекршувања на меѓународното право од страна на израелската армија во Газа.

„Што се однесува до Израел, Советот за претходна постапка ќе одлучи дали ќе ги издаде тие налози, откако ќе ги испита доказите доставени од обвинителот“, се вели во соопштението.

Главниот обвинител на ICC, Карим Кан, во понеделникот побара издавање налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Јоав Галант за „поттикнување глад како метод на војна, вклучително и задржување на хуманитарна помош и намерно таргетирање на цивили во конфликтот“.

Побарани се и налози за апсење на лидерите на Хамас – Јахја Синвар, Мохамед Деиф и Исмаил Ханије за убиство, земање заложници, силување и сексуални напади.

Кабинетот на претседателот на Јужна Африка ја поздрави најавата на обвинителот на ICC дека ќе бара налози за апсење на израелскиот премиер, министерот за одбрана и тројца лидери на Хамас за наводни воени злосторства.

„Законот мора да се применува подеднакво за сите со цел да се поддржи меѓународното владеење на правото и да се повикаат на одговорност оние кои вршат грозоморни злосторства и ги штитат правата на жртвите“, се вели во соопштението од кабинетот на јужноафриканскиот претседател Кирил Рамафоса, пренесе Reuters.

реклама

Руски астролог: Два хороскопски знака ќе паднат на дното по 25 јуни

Read more

Кардиолог споделува навика која го спречува создавањето на згрутчувања во крвта

Read more

Се појавија нови сведоци во случајот со Данка Илиќ

Read more

Избрана најубавата плажа во Европа

Read more

Свет

Издаден налог за апсење за Шојгу и Герасимов за воени злосторства

Read more

Трамп има план за крај на војната во Украина

Read more

Почна изградбата на најдолгиот подводен тунел во светот

Read more

Пропагандистот на Путин ја нарече Србија „последна к*рва“

Read more
 

Вести

Почина затвореник претепан во Идризово, ОЈО нареди истрага за случајот

Читај повеќе

Издаден налог за апсење за Шојгу и Герасимов за воени злосторства

Читај повеќе

Таравари ја разреши директорката на Токсикологија

Читај повеќе

Се појавија нови сведоци во случајот со Данка Илиќ

Читај повеќе

Трамп има план за крај на војната во Украина

Читај повеќе
  • play_arrow

Се преврте рингишпил во БиХ: Има повредени деца, родителите ги извлекувале со голи раце

Читај повеќе

Бугарски политичар: Опасна е насоката во која политичкото раководство ја турка Северна Македонија

Читај повеќе
  • play_arrow

Почна изградбата на најдолгиот подводен тунел во светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Пропагандистот на Путин ја нарече Србија „последна к*рва“

Читај повеќе