Galaxy S24 Ultra создава нови стандарди за издржливост и визуелна јасност на екраните со Gorilla® Armor на Corning®

Скопје, 17 јануари 2024 г. – Samsung Electronics Co., Ltd. и Corning Incorporated (NYSE: GLW) денес најавија дека уредите Galaxy S24 Ultra ќе го имаат новиот Corning® Gorilla® Armor надворешен материјал. Стаклото Gorilla Armor нуди неспоредлива комбинација на издржливост и визуелна јасност, обезбедувајќи побогат приказ при сончева светлина и поголема заштита од оштетување предизвикано од секојдневното носење.

„Стаклото Gorilla® на Corning заедно со серијата Galaxy S поттикнаа иновации и постигнаа значителен напредок кон постигнувањето поголема издржливост“, рече Кванџин Бае (Kwangjin Bae), EVP и раководител на тимот за механичко истражување и развој, Mobile eXperience Business во Samsung Electronics. „Ова партнерство им овозможи на луѓето да ги користат нашите производи со доверба и безбрижност“.

Corning® Gorilla® Armor е различен вид надворешен материјал на паметни телефони. Во споредба со обичното стакло, стаклото Gorilla Armor на Corning ја намалува рефлексијата до 75%, со што се подобрува читливоста на екранот и се минимизираат рефлексиите на екранот во речиси секоја средина[1].

Новиот надворешен материјал на Corning ја оптимизира издржливоста на Galaxy S24 Ultra. Во лабораториските тестирања на Corning, стаклото Gorilla Armor покажа супериорна издржливост споредено со конкурентните алуминиосиликатни стакла[2]. За да ја измери неговата исклучителна отпорност на гребење, Corning создаде нов лабораториски тест - „Scratch Bot“ - за реплицирање на микро гребнатини предизвикани од секојдневно носење. На овој ригорозен тест, стаклото Gorilla Armor не покажа видливи гребнатини и покажа четири пати поголема отпорност на гребење од конкурентните алуминиосиликатни стакла.

 
Стаклото Gorilla Armor има во просек 25% рециклирана содржина пред потрошувачка, како што е потврдено од UL Solutions во согласност со UL2809-2 Постапка за проверка на животната средина (ECVP) за рециклирана содржина[3].

„Стаклото Gorilla Armor ги спојува истражувачките и инженерските способности на Corning со дизајнот на Samsung насочен кон корисникот и фокусирањето на корисничкото искуство“, рече Дејвид Веласкез (David Velasquez), потпретседател и генерален менаџер на Corning® Gorilla® Glass. „Оваа најнова иновација истовремено се однесува и на потребата за издржливост и на нашата зголемена потреба за подобра оптика – носејќи го искуството со мобилните телефони од иднината во сегашноста“.

Лансирањето на телефоните Galaxy S24 Ultra со стакло Gorilla Armor следи по славеничката година за Samsung и Corning. Минатата година, двете компании одбележаа 50 години од водечкото партнерство во индустријата за компаниите. Samsung и Corning првпат соработуваа во 1973 година за да ги направат телевизорите попристапни за потрошувачите во Кореја.

Истиот дух на соработка трае веќе половина век. Стаклото Gorilla® Glass на Corning® е претставено на безброј уреди на Samsung, почнувајќи од некои од најраните паметни телефони Galaxy до последните, вклучувајќи ги серијата Galaxy S23, Galaxy Z Fold5 и Galaxy Z Flip5, кои користат стакло Gorilla® Victus®2 стакло на Corning®. Лансирањето на уредите Galaxy S24 Ultra со стакло Gorilla Armor ја продолжува оваа долгогодишна врска посветена на создавање иновации од светска класа и витално значење за индустријата за мобилна електроника.

За Samsung Electronics Co., Ltd.

Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, носивите уреди, таблетите, апаратите за домаќинство, мрежните системи и меморија, LSI системите, лиените и LED решенија и обезбедува беспрекорно поврзано искуство низ својот SmartThings екосистем и отворената соработка со партнерите. Најнови вести на Samsung Newsroom: http://news.samsung.com

За Corning Incorporated

Corning (www.corning.com) е еден од водечките светски иноватори во науката за материјали, со 170-годишно искуство во изуми кои го менуваат животот. Corning ја применува својата неспоредлива експертиза во науката за стакло, науката за керамика и оптичката физика, и со своите длабоки производствени и инженерски способности развива производи што ги дефинираат категориите кои ги трансформираат индустриите и го подобруваат животот на луѓето. Corning е успешна компанија поради одржливото инвестирање во истражување и развој, уникатната комбинација на иновации во материјалите и процесите и длабоките односи засновани на доверба со клиентите, кои се глобални лидери во нивните индустрии. Способностите на Corning се разновидни и синергистички, а тоа ѝ овозможува на компанијата да се развива за да ги задоволи променливите потреби на пазарот, истовремено помагајќи им на своите клиенти да доловат нови можности во динамичните индустрии. Денес, Corning е присутна на пазарот за оптички комуникации, мобилна потрошувачка електроника, екрани, автомобили, соларна енергија, полупроводници и природн науки.


[1] Тврдењата за перформансите на стаклото Gorilla® Armor на Corning® се засноваат на внатрешно лабораториско тестирање на Corning. Вистинските перформанси може да се разликуваат.

[2] Тврдењата за перформансите на стаклото Gorilla® Armor на Corning® се засноваат на внатрешно лабораториско тестирање на Corning. Вистинските перформанси може да се разликуваат.

[3] Рециклираната содржина пред потрошувачка, како што е дефинирано од UL Solutions, е материјал кој никогаш не стигнал до крајниот корисник, бидејќи бил пренасочен од протокот за отпад во текот на производниот процес.

Тагови
реклама

Кафе на празен стомак - штетно или не?

Read more

Три промени во компирот откриваат дека не е безбеден за јадење

Read more

Канје Вест објави видео од Памела Андерсон како гола му носи торта на Хју Хефнер

Read more

Ракетата на Маск се распадна, урнатините го нарушија воздушниот сообраќај

Read more

Мобилни

Откриени деталите за најтенкиот iPhone досега

Read more

Новиот iPhone SE ќе се вика iPhone 16E, откриен изгледот на заштитната маска

Read more

Apple нуди нов евтин iPhone: Колку ќе чини?

Read more

iPhone без рамка нема да има до 2027 година

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Ракетата на Маск се распадна, урнатините го нарушија воздушниот сообраќај

Читај повеќе

Гренланд: Земја со 150 км патишта, 3 семафори и најчист воздух во светот

Читај повеќе
  • play_arrow

НАСА испраќа мисија на Месечината со најнаучната опрема досега

Читај повеќе

Хоби кое доколку го претворите во бизнис би можеле да заработувате и до 92 евра на час

Читај повеќе

Јустинијан и најголемите навивачки немири во историјата

Читај повеќе
  • play_arrow

Пет најчудни работи од CES 2025: Лажица додава сол во храната, јакна ги полни телефоните

Читај повеќе

Закерберг удри по Apple: Одамна не смислиле нешто одлично

Читај повеќе

Што е црвената супстанца која се фрла во Лос Анџелес?

Читај повеќе
  • filter

Сондата BepiColombo направи нови фотографии од Меркур

Читај повеќе