Гејмерскиот Redmi K50 е ѕвер од телефон - ја полни батеријата за 17 минути

Xiaomi одржа настан на кој го претстави Redmi K50 Gaming Phone.

Redmi K50 Gaming е првиот телефон, создаден во партнерство помеѓу Xiaomi и Формула 1 тимот на Mercedes AMG Petronas, а специјалното и ограничено издание ги има беџот и боите на овој тркачки тим.

Како и минатогодишниот модел K40 Gaming, овогодинешниот K50 Gaming има два гејминг тастери. Тука е и хаптичкиот мотор на Xiaomi „CyberEngine x-axis“, како и два JBL звучници. Рамката на телефонот е изработена од метал, додека задната страна е од стакло.

Xiaomi, исто така, разви нов двоен систем на апрна комора, за ладење на чипсетот Snapdragon 8 Gen 1 и другите компоненти за време на долги сесии играње.

URL

Покрај гореспоменатиот премиум чипсет, Redmi K50 Gaming има и 6,67-инчен AMOLED дисплеј со FHD + резолуција, стапка на освежување од 120 Hz и заштита од Corning Gorilla Glass Victus.

Во полето на камерите, на задната страна е достапен главниот сензор Sony IMX 686 од 64 MP, заедно со ултраширок и телемакро сензор од 8 MP. На предната страна е камерата Sony IMX 596 од 0 MP.

Телефонот се напојува со батерија од 4700 mAh, со поддршка за полнење од 120 W, за што Xiaomi тврди дека може да се наполни до крај за само 17 минути. За време на презентацијата беше демонстрирано како телефонот се полни до крај за 37 минути, додека активно се играат MOBA игри.

Xiaomi Redmi K50 Gaming пристигнува во сина, сребрена и црна боја, а тука е и верзијата Mercedes AMG F1.

Телефонот во Кина се продава за почетна цена од околу 520 долари (модел со 8 GB LPDDR5 RAM и 128 GB простор за складирање UFS 3.1). Има и варијанти од 12 GB / 128 GB и 12 GB / 256 GB (околу 567 и 615 долари), како и ограничен модел на Mercedes AMG F1 со 12 GB RAM и 256 GB простор за складирање, по цена од околу 662 долари. Очекувано, цените ќе бидат повисоки кога телефонот ќе стигне на светските пазари.

реклама

Мобилни

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Read more

Samsung повторно е најголем производител на смартфони во светот

Read more

Apple ќе овозможи поправка на iPhone со користење на користени делови

Read more

HMD ги претстави Nokia мобилните 6310, 5310 и 230

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе