Ѓоковиќ играше тенис со Шарлиз Терон: Ме намачи!

Новак Ѓоковиќ деновиве престојува во Соединетите Американски Држави каде го очекува настап на Мастерсот во Индијан Велс и по тој повод се занимава со бројни активности.

Српскиот тенисер посети студенти, следеше натпревари на ЛА Галакси, потоа НБА натпреварот помеѓу Лејкерс и Денвер, а се дружеше и со Линдзи Вон и една од најубавите актерки во светот - Шарлиз Терон.

Новак, Шарлиз и пејачот Гевин Росдејл се најдоа на тенискиот терен, а причината е годишниот настан на кој учествуваат светски ѕвезди со цел да се соберат средства за хуманитарни цели.

URL

„Ајде, мрзливо копиле“, се пошегува Шарлиз додека Ѓоковиќ трча во обид да освои бод.

„Шарлиз ме намачи денеска, но претпоставувам дека тоа беше дел од тактиката. Беше чест да се биде дел од овој настан“, рече Ѓоковиќ, кому првиот човек на целата манифестација му се заблагодари што дојде.

За настанот проговори и познатата актерка.

„Јас сум од Јужна Африка, многу горда Јужноафриканка. И сакав да одржам врска со мојата земја која секогаш ќе ме враќа назад. Започнувањето на Charlize Theron African Outreach Project беше начин да се оддаде почит на сите грасрут организации кои вршат неверојатна работа во Јужна Африка. Веруваме дека сите млади луѓе треба да бидат здрави, безбедни и образовани“, рече Шарлиз.

URL

Да потсетиме, мечот на Ѓоковиќ во минатогодишното полуфинале на УС Опен привлече голем број познати личности на трибините на стадионот, а меѓу нив беше и познатата актерка од Јужна Африка.

реклама

Тенис

Ѓоковиќ откри што би сакал да му пишува на надгробната плоча

Read more

Ѓоковиќ нема да игра на Завршниот мастерс во Торино

Read more

Ѓоковиќ во група со Алкарас на Завршниот Мастерс во Торино

Read more

Јаник Синер потврди дека е во врска со прекрасната Босанка Лајла Хасановиќ

Read more
 

Спорт

ФИФА враќа правило кое не се применуваше 20 години

Читај повеќе

Анчелоти: Немаме лесна група, ќе биде тешко

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ за полувреме уфрли 30 поени и донесе пресврт за Денвер

Читај повеќе

УЕФА му ја намали казната на Луис Диас

Читај повеќе

Лион среде скандал: Како клубот направил фиктивни трансфери вредни 120 милиони евра?

Читај повеќе

Артета за набиениот распоред: Ова е премногу, играчите не се машини

Читај повеќе

Жорди Алба се збогува со фудбалот во финалето на МЛС

Читај повеќе

Фламенгу го слави Фелипе Луис, за 14 месеци освои 5 трофеи

Читај повеќе

Газдата на Брајтон вмешан во обложувачка афера

Читај повеќе