Ѓоковиќ на суд доби виза за Австралија, може да остане во земјата

Кајгана/МИА
/ 10.01.2022 / 08:14

Новак Ѓоковиќ ја доби правната битка против австралиските власти и одобрена му е виза за влез во Австралија, која пред неколку дена му беше укината.

Судијата Ентони Кели изјави дека Ѓоковиќ дека го добил потребното медицинско ослободување од вакцинацијата против COVID-19 пред да отпатува во Мелбурн на тенискиот турнир Австралија Опен и приложил докази за тоа кога слетал во средата вечерта.

„Поентата за која сум малку вознемирен е што можеше овој човек да направи повеќе?“, праша судијата.

Ѓоковиќ (34) од четвртокот се наоѓа во хотел за притвор за имигранти, заедно со долгогодишни баратели на азил. Нему му беше дозволено да присуствува на виртуелни сослушувања, но не е виден во јавноста откако пристигна во Австралија.

Судијата денеска го продолжи рокот за Ѓоковиќ да ја напушти земјата до 20 часот бидејќи судските рочишта се одржаа подоцна од предвиденото. Неговите адвокати тврдат дека неодамнешната инфекција со коронавирусот го оквалификувала Ѓоковиќ за медицинско ослободување (исклучок) од условот за двојна вакцинација на неавстралиските граѓани кои влегуваат во земјата.

Сепак, австралиската влада вели дека лицата кои не се државјани на земјата немаат право на гарантиран влез во Австралија и го доведоа во прашање неговото барано изземање и нагласија дека дури и ако Ѓоковиќ ја добие тужбата, властите го задржуваат правото повторно да го приведат и да го оддалечат од државата.

Размената меѓу Кели и адвокатот на Ѓоковиќ, Николас Вуд, откри дека официјални лица го принудиле играчот да го исклучи телефонот од полноќ до околу 7:42 часот по локално време, кога била донесена одлука да му се откаже визата.

Вуд рече дека Ѓоковиќ обезбедил докази за да го поддржи неговото барање за изземање.

Ова ослободување се заснова на критериуми дефинирани од Австралиска техничка советодавна група за имунизација (ATAGI), независно тело одговорно за обезбедување насоки за австралиската влада. Вуд рече дека граничните службеници не ги проверувале упатствата на ATAGI, иако формуларот за декларација за патување на посетителите преку интернет укажува на ATAGI како извор на дефинициите за изземање.

Меѓутоа, според адвокат на Владата на Австралија, уште постојат шанси повторно да биде укината визата на Ѓоковиќ и тој да не игра на Австралија Опен.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Тенис

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Read more

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Read more

Надал елиминиран од Де Минор

Read more

Алкарас нема да ја брани титулата во Барселона

Read more
 

Спорт

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе