Google остави многу од своите iOS апликации без ажурирања од почетокот на декември, што загрижи многу корисници, бидејќи тие честопати добиваат порака за застареност на апликациите при најавување на профилите на Google.
Според 9to5 Google, овој пост е завршен, па сега апликациите како YouTube добиваат ажурирање на iOS. И покрај фактот дека сè оди како што треба сега, многумина се прашуваа за што всушност се работи, пренесува Engadget.
Така, некои од упатените „пуштија муабет“ дека Google всушност не се согласува со промените во политиката за приватност што ги воведе Apple, така што немаше нови надградби толку долго.
Google не обезбеди официјални информации за тоа, но неодамна ги ажурираше апликациите како YouTube Music, Studio или TV за iOS. Сепак, корисниците се надеваат дека наскоро ќе пристигне ажурирање за Google Chrome, во спротивно може да има безбедносни проблеми.