Губитници од 800.000.000 евра

Вкупно 29 од 32 учесници на Мундијалот во Катар се познати, но на натпреварувањето нема да има некои големи имиња.

Квалификациите ни донесоа изненадувања, од кои најголемото секако беше во Палермо, каде Македонија ја елиминира Италија.

Актуелниот европски првак не е единствената сериозна репрезентација која нема да игра на Светското првенство од 21 ноември до 18 декември.

Египет, на пример, вторпат во два месеца загуби од Сенегал на пенали, па во Катар ќе го нема Мохамед Салах.

Исто така, Колумбија не успеа да стигне до баражот, па нивната најголема ѕвезда Луис Диас ќе го следи Мундијалот на ТВ.

Претходно без Мундијалот остана Норвежанецот Ерлинг Холанд, а во проектираниот „идеален“ состав на оние кои не одат во Катар се најдоа и двајца Нигеријци, Виктор Осимен и Вилфред Ндиди.

Вредност на играчи кои не одат на Светско првенство:

Ерлинг Холанд - Норвешка, Борусија Д. (150 милиони евра)

Мохамед Салах - Египет, Ливерпул (100)

Федерико Кјеза - Италија, Јувентус (70)

Николо Барела - Италија, Интер (70)

Џанлуиџи Донарума - Италија, ПСЖ (65)

Милан Шкринијар - Словачка, Интер (65)

Алесандро Бастони - Италија, Интер (60)

Виктор Осимен - Нигерија, Наполи (60)

Вилфрид Ндиди - Нигерија, Лестер (60)

Дејвид Алаба - Австрија, Реал Мадрид (55)

Луис Диас - Колумбија, Ливерпул (45)

На клупата за резервни играчи ќе се најдеа: Јан Облак (Словенија, 60 милиони евра), Марко Верати (Италија 55), Чалар Сојунџу (Турција, 45), Франк Кесие (Брег на Слонова Коска, 45), Лоренцо Пелегрини (Италија, 45), Томаш Соучек (Чешка, 45), Жоржињо (Италија, 45), Мартин Едегор (Норвешка, 40), Ријад Махрез (Алжир, 40) и Едмонд Тапсоба (Буркина Фасо, 40 милиони евра).

реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Read more

Фудбал

Хулен Лопетеги ќе биде тренер на Вест Хем

Read more

Разбојници пукале врз тројца фудбалери на Марсеј

Read more

Куп финалето в среда на Арената: Тиквеш и Воска по историја

Read more

Работа од соништата: Гледа натпревари, освојува трофеи и заработува милиони

Read more
 

Спорт

Хулен Лопетеги ќе биде тренер на Вест Хем

Читај повеќе

Разбојници пукале врз тројца фудбалери на Марсеј

Читај повеќе

Куп финалето в среда на Арената: Тиквеш и Воска по историја

Читај повеќе

Работа од соништата: Гледа натпревари, освојува трофеи и заработува милиони

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ превртува очи на прашањето дали ќе игра за Србија на Олимпијадата

Читај повеќе

Вардар последната битка за опстанок ќе ја бие во Струмица

Читај повеќе

Познати бараж двојките за пополнување на втората лига

Читај повеќе

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Читај повеќе
  • play_arrow

Клоп ги насмеа новинарите на последниот прес за Ливеерпул

Читај повеќе