Компанијата HP ја претстави најновата верзија на лаптопот Omen 15 кој е наменет за гејмери.
Omen 15 има убав дизајн, сино лого со дијамант, потенок е за 11 проценти од претходните модели. Големината на екранот е 15,6 инчи.
Omen е мултифункционален компјутер – може да се користи за сурфање на интернет, но и за играње видеоигри.
Кога станува збор за спецификациите, лаптопот може да се добие со Nvidia GeForce RTX 2070 Super Max-Q графика и Intel Core i7 H-series процесор, или со AMD Ryzen 7 H-series процесор.
Ова е прв модел на Omen кој е достапен со AMD процесор. Достапен е во две бои- црна и сребрена боја. Моделот со Intel процесор е во црна, а верзијата со AMD е во сребрена боја.
Достапен е со 32 GB RAM и до 1 TB PCIe SSD меморија. Купувачите може да бираат помеѓу OLED панел, UHD 120 Hz панел или FHD 300 Hz панел.
Лаптопот чини 999 долари.