Икарди: Си заминав од Интер бидејќи не освојувавме ништо

Мауро Икарди вели дека преселбата во ПСЖ била по негова желба бидејќи му дошло време да почне да освојува трофеи, нешто што со Интер не успеа да го направи за 6 години.

„Дојдов тука за да играм. Кога доаѓаш со опција за целосен откуп, знаеш дека треба да дадеш сѐ од себе за да го убедиш клубот да те откупи. Ќе видиме што ќе се случи на лето“, вели Икарди за Canal+.

„Шест години поминав во Интер и мојот сон беше да играм во Лигата на шампиони со тој клуб, што и се случи минатата сезона. Но, не освоивме ништо“, Интер тогаш отпадна уште во фазата по групи и тоа поради гол на гости од Тотенхем.

„Помислив дека е време да се преселам во клуб кој победува, некој што може да брка и да освојува титули. Време е да почнам да освојувам трофеи. Вистината е дека ПСЖ е тим полн со шампиони, а тоа е токму она што го барав“, а со оглед на доминацијата на ПСЖ во Франција, титулата во Лиг 1 му е речиси загарантирана. Но, ПСЖ атакува и на Лигата на шампиони.

Со Интер не успеа да освои ниту еден трофеј, дури ни купот. На индивидуален план, беше прогласен за фудбалер на годината 2018 во Италија, а се закити и со наградата за најдобар стрелец во сезоните 2014/15 и 2017/18. Во 2018 ја доби и наградата за најубав гол во Серија А.

„Луѓето ме викаат „убиец“ во шестанесетникот. Секогаш бев спремен да дадам гол во тој простор. Уште од моето деби како многу млад за Росарио, мојата цел и опсесија е да давам голови“, завршува Икарди.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе