Илон Маск не планира да го забави темпото: Tesla ќе има хуманоиден робот до септември

Неодамна, основачот и извршен директор на Tesla, Илон Маск, објави дека настанот за Денот на вештачката интелигенција на Tesla е поместен од 19 август на 30 септември со надеж дека функционалниот прототип на хуманоидниот робот ќе биде подготвен за презентација.

Optimus или Optimus Subprime е двоножен хуманоиден робот кој Маск го најави за време на Денот на вештачката интелигенција на Tesla во август 2021 година и ја претставува визијата на милијардерот за робот кој би можел да извршува здодевни и повторувачки задачи наместо луѓе. Маск исто така ја потсети јавноста на роботот во април за време на отворањето на фабрика за електрични автомобили во Остин, Тексас.

Првата верзија на Optimus треба да започне со производство во 2023 година.

„Тие ќе можат да прават речиси сè што луѓето можат, ама не сакаат да го прават. Роботот ќе го направи тоа наместо нив. Можеби е тешко да се замисли сето тоа, но Optimus е во развој и ние ќе се погрижиме да биде безбедно, без ‘терминаторски работи’, ќе го трансформира светот повеќе отколку што автомобилот“, рече Маск.

Remote video URL

Тој додаде дека роботот ќе може да се движи меѓу луѓето и дека ќе врши некои работи за нив, како на пример одење во продавница. Тој нагласи дека ќе ги замени луѓето во одредени задачи, но дека нема да претставува закана бидејќи контролите ќе бидат децентрализирани. Ќе биде дизајниран така што ако нешто тргне наопаку, луѓето можат да побегнат или да го совладаат во секое време.

Optimus ќе биде висок 1,7 метри и тежок 56,6 килограми, ќе биде направен од лесни материјали, а ќе има раце слични на човечките и стопала со две оски за рамнотежа.

Се очекува роботот да работи преку технологијата за вештачка интелигенција и да извршува команди преку Dono Advanced Neural Network, суперкомпјутерски интерфејс кој им помага на автомобилите на Tesla да се движат низ пренатрупани улици.

Главата на роботот ќе биде опремена со истите камери што ги користи Autopilot вграден во електричните автомобили на Tesla, додека лицето ќе биде екран кој ќе прикажува корисни информации.

Роботот ќе може да носи до 45 килограми товар и да подига товар до 68 килограми, а максималната брзина ќе му биде 8,04 km/h.

Движењето ќе се врши благодарение на 40 електромеханички актуатори, а роботот ќе го користи и компјутерот на Tesla за интелигенција.

Роботот би можело да чини 10.000 долари или повеќе.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Вести

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Read more

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Read more

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Read more

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Read more
 

Гик

  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе
  • play_arrow

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Читај повеќе

Игрицата EA FC ја губи лиценцата за Интер во следното издание

Читај повеќе

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Читај повеќе

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Читај повеќе