Имало обид за атентат на Путин, пишува германски медиум

МАКФАКС
/ 27.04.2023 / 08:27

Украинската тајна служба, според истражувањето на германски Bild, во неделата се обидела да го убие рускиот претседател Владимир Путин со беспилотно летало камиказа. Тие пишуваат дека иако обидот за атентат не успеал, руските власти го чуваат инцидентот во тајност.

Беспилотното летало UJ-22 полетало во Украина во неделата попладне и, како што објавија неколку германски медиуми , станува збор за најмодерниот украински дрон со среден дострел до 800 километри. Нивната цел наводно бил новоизградениот индустриски парк во близина на Москва, кој се наоѓа на 500 километри од Украина.

Украинскиот активист Јуриј Романенко, за кој се вели дека има блиски врски со киевските разузнавачки служби, наводно рекол дека „минатата недела разузнавачките служби добиле информации за патувањето на Путин во индустрискиот парк Руднево. Соодветно на тоа полетал дронот, кое прелета низ целата воздушна одбрана на Руската Федерација и се урна недалеку од индустрискиот парк“.

И неколку руски медиуми објавија за падот на беспилотно летало UJ-22 во близина на селото Вороского, источно од Москва. Местото на несреќата е на околу 20 километри источно од индустрискиот парк Руднево. На снимката се гледа дека на дронот имало 30 блокови од експлозив Ц4 со вкупна тежина од 17 килограми. Експлозивните полнења М112 користат, меѓу другите, Армијата на САД и канадските вооружени сили. Руски минувачи во неделата попладне објавија фотографии од индустрискиот парк Руднево, на кои се гледа сивиот тревник пред главната зграда, кој беше испрскан со зелена боја, пишува Bild.

Сепак, не е јасно дали шефот на руската држава сакал да го посети индустрискиот парк во недела или само во понеделник. Од безбедносни причини, посетите на Путин понекогаш се реализираат еден ден пред да бидат објавени. Исто така, многу е можно спомнувањето на неговиот двојник да е само уште една форма на безбедносна заштита.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Свет

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Read more

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Read more

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе