За Исланд велат дека е една од најсреќните земји во светот. Во оваа држава живеат само 358.780 луѓе и сите се знаат меѓусебно. Во продолжение дознајте уште интересни факти за оваа држава.
1. Жителите на Исланд веруваат дека постојат џуџиња, вили и тролови
2. Исланд е една од најубавите земји во Европа и светот
3. Исланд има Ден на пивото кој се одбележува на 1 март секоја година
4. Исландскиот јазик е непроменет уште од времето кога Викинзите се доселиле на островот во 9 век. Речиси секое лице од Исланд може да прочита антички текстови без никаков проблем.
5. Жителите немаат презимиња – го користат традиционалниот систем на нордиски имиња, а презимето се состои од името на таткото или мајката (dottir или son)
6. Рејкјавик во превод значи „залив на чадот“
7. Во Исланд беше изберена првата жена претседател
8. Имаат најголема потрошувачка на Coca-Cola по жител
9. Обожаваат да гледаат филмови
10. Националниот спорт на земјата е ракометот
11. На Исланд нема комарци
12. Исландската полиција не носи оружје
13. Издаваат повеќе книги на годишно ниво од која било друга земја.