СЕРИЈА А 2021/22

Инѕаги: Немавме време да се подготвиме за дербито

Стратегот на Интер во вечерашното големо дерби ќе оди на победа, но е свесен дека неговиот тим имапе малку време да се подготви.

Интер во средата вечерта играше на гости во Молдавија кај Шериф во рамките на Лигата на шампионите и потоа тоа имаше ден помалку за подготвување за вечерашниот Дерби дела Мадонина против лутиот градски ривал Милан.

За тренерот Симоне Инѕаги ова ќе му биде прво вакво дерби, било како тренер, било како играч.

„Имав среќа како играч да одиграм многу дербија, а исто и како тренер. Ова е моето прво миланско дерби. Од натпреварот од Лигата на шампионите се вративме во четвртокот, но петокот цел ден го минавме на тренинг. Немавме време да се подготвиме за натпреварот, но во очите на играчите забележав дека веруваат во успех. Знаеме дека е важен натпревар за нас. Работиме добро, да игравме во Германија или Шпанија сега ќе бевме на бод или два од врвот“, рече тој на официјалната прес-конференција.

Ова ќе биде дерби број 197 во Калчото или вкупно 229-то во сите официјални натпреварувања.

„Ќе биде напнат натпревар. Сите знаеме што значи миланското дерби, колку е важно за навивачите и за клубот. Досега имаме одограно само 11 натпревари и треба да се фокусираме на секој натпревар посебно. Седум бода сме зад Наполи и сакаме да ја намалуваме таа разлика почнувајќи од сега. Знаеме дека ќе има уште 27 натпревари до крајот, така што многу бодови се во игра, но дербиво е клучно за табелата и за ситуацијата кај нас, која ден за ден се подобрува. Имаме голем ентузијазам, навивачите насекаде нѐ пратат и сега ќе бидат со нас за да ни помогнат“.

Противникот Милан влегува во дербито со добра форма и делба на лидерската позиција со Наполи.

„Милан е солиден тим, способен да постигне многу голови. Мислам дека игравме добро против директните конкуренти. Знаеме што се случи против Јувентус, промашивме пенал против Аталанта, а против Лацио игравме навистина добро 75 минути. Овој циклус натпревари не го почнавме добро, со поразот во Рим, но последните натпревари ни ја подигнаа самодовербата, а резултатот сега е клучен. Кога излегувате на терен на дерби, табелата е неважна, не постои. Почит за Милан и Наполи, но ние ќе ја играме нашата игра“, додаде тој.

Remote video URL
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе