Искрен трејлер за „Jingle All the Way“
Празничната комедија „Jingle All the Way“ од 1996 година во режија на Брајан Левант е приказна за двајца татковци – Арнолд Шварценегер и Синбад – кои очајнички се обидуваат да купат играчка Turbo-Man во последен миг како божикен подарок за своите синови.
Филмот заработи 129 милиони долари на киноблагајните и редовно се емитува на американските телевизии за време на божикните празници.
Сега доби и искрен трејлер од Screen Junkies.