ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Италија сепак ќе игра во Катар?

Италијанците сè уште не се помирени со, за нив, срамниот пораз од Македонија во полуфиналето од баражот за пласман на Светското првенство.

Европскиот шампион ќе го пропушти второто Светско првенство во низа откако во баражот за Русија беше исфрлен од Шведска. Но, Италијанците сè уште се надеваат дека ќе успеат да се најдат во Катар за што има минимални шанси.

Иранската фудбалска федерација се најде во фокусот на ФИФА откако на последниот квалификациски натпревар против Либан во Машдад на жените не им беше дозволен влез на стадионот. На социјалните мрежи се проширија снимки на кои полицијата употреби солзавец пред стадионот за да растера околу 2.000 жени кои уредно купиле билети за натпреварот и сакале да го следат настапот на нивната репрезентација.

Можни санкции

Членот на иранската фудбалска асоцијација Мехрдад Сердаски потоа објави на Twitter дека слушнал загрижувачки вести од ФИФА и Азиската фудбалска федерација (АФЦ), шокирани од ваквата полициска акција.

Иранците стравуваат од казната на ФИФА, а најдрастично би било исфрлањето од Мундијалот поради кршење на човековите права, за кое шансите се многу мали, но постојат.

Mediaset пишува дека во случај Иран да биде исфрлен од Мундијалот, ФИФА би можела да одлучи наместо таа земја првата следна репрезентација на рангирањето која не се пласирала да оди во Катар, а тоа би била Италија.

„Ваква драстична казна е малку веројатна и се граничи со научна фантастика. Не можеме да очекуваме дека Иранците ќе бидат исфрлени од Светското првенство, но ова е последна шанса за Италија да го види Светското првенство“, пишуваат италијанските медиуми.

ФИФА сè уште официјално не го објавила инцидентот во Иран, но со години врши притисок врз таа земја да им дозволи на жените пристап до натпреварите. Иран повремено пушташе мал број жени на стадионите за помалку или повеќе да ги исполни барањата на ФИФА, но сега може да биде строго казнета, ​​тврдат италијанските медиуми.

Тагови
реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Read more

Фудбал

Хулен Лопетеги ќе биде тренер на Вест Хем

Read more

Разбојници пукале врз тројца фудбалери на Марсеј

Read more

Куп финалето в среда на Арената: Тиквеш и Воска по историја

Read more

Работа од соништата: Гледа натпревари, освојува трофеи и заработува милиони

Read more
 

Спорт

Хулен Лопетеги ќе биде тренер на Вест Хем

Читај повеќе

Разбојници пукале врз тројца фудбалери на Марсеј

Читај повеќе

Куп финалето в среда на Арената: Тиквеш и Воска по историја

Читај повеќе

Работа од соништата: Гледа натпревари, освојува трофеи и заработува милиони

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ превртува очи на прашањето дали ќе игра за Србија на Олимпијадата

Читај повеќе

Вардар последната битка за опстанок ќе ја бие во Струмица

Читај повеќе

Познати бараж двојките за пополнување на втората лига

Читај повеќе

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Читај повеќе
  • play_arrow

Клоп ги насмеа новинарите на последниот прес за Ливеерпул

Читај повеќе