Јовиќ: Против Вардар немавме дисциплина, ќе биде подобро на дуелот со Бутел

Пролет ги остава зад себе поразите од Алкалоид и од Вардар на стартот од плејофот, па тренерот Александар Јовиќ и неговите избраници веќе неколку дена се насочени кон претстојниот меч со Бутел што на програмата е денеска.

Јовиќ стави акцент на одбраната во текот на зимските подготовки, но стратегот на Тинекс Пролет не крие дека очекува да види поголема дисциплина во нападот од своите избраници, особено откако целосно се потфрли на ова поле на последниот меч со Вардар.

„Средбите со Алкалоид и со Вардар беа одлични тестови за нас, да видиме каде сме во пресметки со екипи кои се борат за шампионската титула. Против Алкалоид покажавме цврстина во одбраната, нешто што ми се допадна кога игравме поставена зона против нападот на противникот. Во нашиот напад покажавме дисциплина, па дури и кога не постигнувавме голови, ги спречувавме ривалите да имаат лесни погодоци на спротивната страна. Против Вардар потфрливме во тој аспект, недисциплината во нападот ни беше главен проблем и токму затоа претрпевме така убедлив пораз. Тоа е нешто на што веќе работиме, таквите работи да не ни се повторуваат во иднина“, изјави Јовиќ.

Тој очекува далеку подобро издание на денешниот натпревар против Бутел, ривал што Пролет го совлада во последното коло од Суперлигата.

„Успеавме да ги добиеме на последниот натпревар, но ова ќе биде сосема поинаков дуел бидејќи станува збор за плејоф пресметка. Едно е сигурно, Бутел е тим со кој можеме да се надигруваме и што можеме да го победиме, што не беше случај на првите две средби од плејофот. Имаме респект за нив, имаат препознатлива игра, добар тренер во Горан Кузманоски и голем дел од ракометарите подолг период играат заедно. Една од најважните работи ќе биде да се изолира пивотот Јевтиќ и неговите комбинации со средниот бек. Ако го оствариме тоа, ќе стигнеме до успех. Верувам во наше добро издание и победа на крајот, прва во овој плејоф“, истакна стратегот на Тинекс Пролет.

Натпреварот Пролет - Бутел се игра денеска од 18 часот во салата „Македонско Сонце“ во склоп на ОУ „11 Октомври“ во населбата Пролет.

Табела:

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Грција воведува шестдневна работна недела

Read more

Ракомет

Вардар го доби дербито против Еурофарм Пелистер, блескаше голманот Томовски

Read more

Познати четвртфиналните двојки во Лигата на шампионите, тронот го брани Магдебург

Read more

Најдебелиот ракометар во светот има нов клуб, доаѓа во соседството

Read more

РФМ ќе ги награди сениорските селекции ако се пласираат на СП и ЕП

Read more
 

Спорт

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе