СЕРИЈА А 2019/20

Јуве - Интер најверојатно ќе се игра на 9 март

Во среда ќе падне конечната одлука за оваа понуда на Серија А која е многу подобро решение од првичното за играње на 13 мај.

Синоќа Серија А и претставници на двата клуба одржаа состанок на кој ги разгледаа сите опции за одигрување на одложеното Дерби д'Италија.

„Помина огорченоста поради она што се случи и поради начинот на кој се дојде до оваа апсолутно ненадејна одлука. Мислам дека лутината не е само на управата и на навивачите на Интер, туку на сите навивачи на сите тимови. Погодени се десет клубови и верувам дека е нормално да има вознемиреност и горчина. По ненадејната одлука на Лега Калчо во саботата, Интер побара неформален собир на Советот кој се одржа синоќа за да се свика вонредна седница каде Серија А ќе понуди два-три датуми за одигрување на одложените натпревари, понуди кои ќе бидат разгледани. Потоа собранието ќе донесе одлука бидејќи важно е првенството регуларно да продолжи“, вели Џузепе Марота, извршниот директор на Интер.

Веќе излезе дека решението на Серија А за големото дерби ќе биде 9 март. Тоа значи дека Интер - Сасуоло и Болоња - Јувентус од наредниов викенд нема да се одиграат туку многу е веројатно тие да бидат закажани за 13 мај, првичниот датум за дербито. Интер не сака да игра дерби на 13 мај бидејќи тогаш има пеколен распоред: Фиорентина, Џеноа, Наполи па Аталанта, а Јуве треба да биде на средина.

„Сакаме да се донесе одлука колку што е можно побрзо за да можат играчите и тренерите да се подготват на нормален начин. Верувам во сериозноста на сите инволвирани. Сигурен сум дека во среда ќе најдеме заеднички јазик и дефинитивмо ќе го решиме овој вонреден период во земјава. Свесни сме дека пред сѐ доаѓа здравјето на граѓаните, на фудбалерите и на сите останати“, заврши Марота за Gazzetta dello Sport.

За Јуве ова е прв одложен натпревар, додека Интер веќе има два за одигрување. Вкупно 10 натпревари од последните две кола се одложени поради превенција од ширењето на корона вирусот во Италија и за кои допрва треба да се најде слободен датум. Проблем за натпреварите на Интер и Јувентус е тоа што и двата тима се во игра во Копа Италија и во Лига Европа односно Лигата на шампионите.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе