Како да ги заштитите децата од коронавирус на детските игралишта?

Изгледа дека дружењето во детските игралишта за време на пандемијата на коронавирус е прилично безбедно, но постојат фактори кои можат да предизвикаат проблем.

„Игралиштата се одлична можност да се собереме како семејство и да бидеме надвор, но тоа треба да го правиме на безбеден начин“, советува д-р Ада Стујарт, семеен доктор од Cooperative Health.

Посебно треба да ги почитуваме епидемиолошките мерки бидејќи засега нема вакцина за деца помлади од 16 години.

Податоците покажуваат дека помал број деца се заразени во однос на возрасни лица. Но, и децата можат да се заразат ако вдишат капки откако заразено лице кивне или се искашла.

Можна е и зараза при контакт со контаминирана површина, но Центарот за контрола и превенција на болести смета дека тоа не е примарен начин на пренесување на вирусот, пишува CNN.

„Засега избегнувајте затворени игралишта бидејќи сите луѓе не се вакцинирани. Игралиштата на отворено всушност се многу побезбедни“, вели д-р Лиана Вен, професорка на Факултетот за јавно здравје на Универзитетот Џорџ Вашингтон.

Кои мерки може да ги преземете за да го заштитите детето од вирусот кога одите на игралиште?

Пред да одите во игралиште со детето, треба да се подготвите за ситуација поради која можеби ќе мора порано да си заминете.

„Треба однапред да им објасните на децата, особено на најмалите, бидејќи тие можеби нема да бидат задоволни ако мора ненадејно да го напуштите игралиштето, особено ако има голема гужва“, вели Вен.

 

Ако децата имаат повеќе од 3 години кажете им дека треба да носат маски и дека не треба да ги делат играчките и храната со други луѓе.

Со вас во паркот понесете средство за дезинфекција, влажни марамчиња, ваши играчки, дополнителни маски и по потреба храна и вода.

Задолжително измијте ги и дезинфицирајте ги рачињата на детето по користење туѓи играчки бидејќи не знаеме колку често се мијат и дезинфицираат справите на игралиштата и парковите.

Вен советува децата да носат маски кога се во близина на други деца и секогаш да се внимава на нив додека се во парк или на игралиште.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Здравје

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе