Huawei е еден од првите произведувачи кои влегоа на пазарот на телефони на преклоп кога во 2019 година беше претставен Mate X, а потоа се појави новиот Mate Xs. Меѓутоа сега пристигнува новиот модел со нов дизајн и перформанси.
Новиот модел ќе има сличен дизајн како Motorola Razr и Samsung Galaxy Z Flip и значи дека нема да се преклопува од лево на десно, туку од горе кон долу.
На предната страна ќе биде и секундарниот екран кој ќе биде видлив кога мобилниот ќе биде преклопен. Ќе се користи за брза проверка на пораките, известувањата и слично. Истиот концепт го има и кај мобилните на Samsung и Моtorola.
Кога ќе се расклопи телефонот, се гледа помалиот екран.
Huawei има неколку патенти, но последниот се разликува од сите. Најголемата разлика е секундарниот екран кој е многу поголем од претходно.