Како ќе реагира телото ако престанете да пиете кафе?

Можеби и не вреди нагло и ненадејно да се спротивставиме на желбата да се напиеме кафе. Вообичаени симптоми на одвикнување од кофеин вклучуваат мачни главоболки, недостаток на фокус, поспаност и раздразливост.

„Доколку сте навикнати да пиете пијалоци со кофеин, брзото исклучување може да доведе до главоболки, чувство на замор и летаргично или проблеми со концентрацијата“, вели диететичарот од Британската фондација за срце, Викторија Тејлор.

Со кафето, како и сè друго, не треба да се претерува. Освен тоа, студиите покажаа дека неговата умерена конзумација има одредени придобивки за нашето здравје, имено дека го намалува ризикот од развој на срцеви заболувања, срцева слабост, проблеми со срцевиот ритам или прерана смрт. Според упатствата, идеалната количина на кофеин дневно е 200 mg, што е еквивалент на две шолји кафе.

Ако сепак одлучивте да се откажете од кафето, подолу дознајте ги вообичаените симптоми што може да ги доживеете.

Главоболка

Ако некогаш сте се обиделе да поминете еден ден без кофеин, можеби сте доживеале главоболка. Имено, кофеинот ги стеснува крвните садови во мозокот и со текот на времето се навикнувате на него. Но, кога ќе го прескокнете утринското кафе, крвните садови се опуштаат и неочекувано количество крв се пумпа во мозокот, што предизвикува главоболка. Симптомите обично започнуваат 12 до 24 часа по прекинот на внесување кофеин и го достигнуваат својот врв во рок од еден или два дена, но може да траат подолго.

Замор

Не е изненадување што без кафе, ќе бидете уморни и тешко ќе се спротивставите на нагонот да дремнете. Според истражувањата, ефектите од повлекувањето на кофеинот се исклучително силни кај луѓето кои пијат кафе или чај секој ден.

Мрзоволност

Ненадејното прекинување на консумацијата на кафе може да ве направи нерасположени и мрзливи. Познато е дека кафето го подобрува расположението бидејќи кофеинот го зголемува ослободувањето на допамин и норепинефрин. Допаминот влијае на вашето расположение и чувства, а норепинефринот го зголемува отчукувањата на срцето, стапката на дишење и нивото на гликоза во крвта. Како резултат на тоа, ако престанете да пиете кафе, овие хемиски сигнали се испраќаат побавно, па може да забележите пад на расположението и нивото на енергија што нè прави да се чувствуваме нервозни.

Недостаток на фокус

Ако наеднаш престанете да пиете кафе, ќе забележите разлика во концентрацијата. Една американска студија објавена во списанието Consciousness and Cognition во 2020 година сугерира дека кофеинот може да ги подобри вашите способности за решавање проблеми.

Тоа е затоа што кофеинот влијае на хемикалиите во мозокот, вклучувајќи го и глутаматот, кој е од витално значење за учењето и меморијата. Штом кофеинот ќе исчезне, вашите хормони ќе почнат да се усогласуваат, а хемикалиите кои ви помагаат да се фокусирате ќе почнат да се испраќаат побавно, создавајќи мозочна магла.

Гадење

Кафето може да предизвика мускулни контракции во дигестивниот систем, што се покажало како ефикасно во ублажување на запек. Од друга страна, кога ќе престанете да го пиете, тоа може да влијае на тоа колку често одите во тоалет. Исто така, кога ќе го исфрлите кофеинот од вашата исхрана, може да почувствувате непријатно чувство на гадење.

Тремор

Чувството на нервоза и тремор може да се појави од пиење премногу кафе бидејќи кофеинот е стимуланс на централниот нервен систем. Експертите велат дека, иако се јавува поретко, обично поминува во рок од неколку дена.

Тагови
реклама

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Здравје

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Скриени симптоми на висок крвен притисок

Read more

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more
 

Магазин

Зошто се менува бојата на очите на бебињата и кога се случува тоа?

Читај повеќе

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Читај повеќе

5 работи кои се забранети после 5 попладне ако сакате да ослабете

Читај повеќе

Доматите имаат еден многу опасен несакан ефект: Некои луѓе не треба да ги јадат

Читај повеќе

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Читај повеќе

15 особини кои ги имаат најретките и најпосебнитe луѓе

Читај повеќе

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Читај повеќе

Како да испечете вкусен и крцкав леб во тенџере?

Читај повеќе

Дали градината треба да се полева наутро или навечер?

Читај повеќе