Како рапува Арнолд Шварценегер?
Легендарниот актер Арнолд Шварценегер ја прифати поканата да рапува неколку стихови во новата песна на австрискиот автор Андреас Габалиер.
Легендарниот Терминатор дебитираше како рапер во песната која зборува за тоа дека човек треба да ги следи своите соништа. Австрискиот рапер во песната рапува за импресивната кариера на Шварценегер, на почетоците како бодибилдер и како филмска ѕвезда.
Во спотот има инсерти од мултиталентираниот Шварценегер како бодибилдер, актер, како вежба во теретана, како рапува.