Како робот го гледа производството на Samsung телефоните?
Во новиот краток филм „Samsung Galaxy: Наша Галаксија“ прикажано е како изгледа процесот на проиводство на еден телефон Samsung низ очите на робот.
Патувањето почнува со „будење“ на роботите кои се подготвени за работа. Нивната задача во производниот погон на Samsung е да помогнат во преносот на компоненти од еден производен процес кон друг.