научна анализа

Какви типови на лого се попривлечни за потрошувачите?

Научниците анализираа повеќе од 500 логоа за да дознаат повеќе за доброто брендирање.

Истражувањето го спроведоа бизнис школата Montpellier, бизнис школата Westminister и Факултетот за бизнис и економија Lazaridis. Резултатите од истражувањето се објавени во Journal of Marketing Research.

Според ова истражување, синџирот ресторани за брза храна McDonald's има попрепознатливо лого, но неговиот конкурент Burger King има подобро лого. Зошто? Логото на Бургер Кинг е описно лого - не е софистицирано, но многу ефикасно.

Според истражувањата, луѓето попозитивно реагираат на описни логоа отколку на оние што не се, т.е. кои се апстрактни како на McDonald’s или Nike’s. Позитивна реакција значи дека одреден бренд се смета за поавтентичен и дека дава поголема вредност за дадените пари.

Во текот на истражувањето се направени логоа на фиктивен производител на опрема за планинари и суши ресторан. Првиот беше описен, а вториот апстрактен. Логото на производителот на опрема за планинарење имаше слика на планина, а на логото на суши ресторанот имаше суши ролничка. Беше утврдено дека луѓето попозитивно реагираат на описни логоа.

Ова беше утврдено со анализирање на 174 логоа на стартап компании. Од ова се заклучи дека компаниите се поуспешни кога имаат описни логоа. Но, ова не е секогаш случај. Луѓето исто така реагираат негативно на овие логоа ако се работи за лош производ.

Овој заклучок е донесен откако беа направени две логоа за масло за јадење. Едниот беше описен, а другиот беше апстрактен. Описната реакција беше позитивна кога беше речено дека маслиновото масло е повкусно и поздраво. Сепак, негативно би се реагирало доколку се каже дека е палмино масло. Реакцијата би била понегативна отколку на апстрактното лого. Имено, иако некој купува на пример палмино масло подобро е логото да не ги потсетува буквално за каков производ се работи.

Но, она што е претходно познато е помалку релевантно за големите компании - дали логото е описно или апстрактно игра помала улога. Затоа McDonald’s не треба да го менува логото. Под него е светски бренд. Покрај тоа, за брендовите кои обезбедуваат повеќе услуги како што е Uber, поприфатливо е да имаат апстрактни симболи, а кои нема да бидат врзани за некоја одредена услуга, пишува онлајн изданието на деловниот весник Fast Company.

Тагови
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Бизнис

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Read more

Ворен Бафет конечно откри во што инвестирал милијарди долари

Read more

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Read more

Волстрит расте, но инфлацијата не стивнува

Read more
 

Вести

Лидерите на земјите од Западен Балкан со заедничка изјава остануваат посветени на процесите за членство во ЕУ

Читај повеќе

Израелците со тенк убија 5 свои војници во Газа

Читај повеќе

Мицкоски: За разлика од Грција, Преспанскиот договор е дел од македонските институции

Читај повеќе

Ахмети најнеомилен, а Димитриевски ги надмина Мицкоски и Ковачевски по популарност, според последните анкети

Читај повеќе

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

Читај повеќе

Ѓорѓиевски и Ганиу испија кафе во Чаршијата: Обајцата очекуваат вистински партнер во новата влада

Читај повеќе

Силјановска со поглаварите и претставниците на верските заедници: Изразена подготвеност за соработка

Читај повеќе

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Читај повеќе

Почина мајката на осомничениот убиец на малата Данка

Читај повеќе