Францускиот фудбалер Карим Бензема за првпат во кариерата освои Златна топка, признание кое се доделува за најдобар фудбалер во избор на францускиот магазин France Football.
Напаѓачот на Реал го предводеше тимот до титула во Лигата на шампиони и во Ла Лига, така што немаше вистинска конкуренција годинава. Французинот како капитен постигна 44 голови со 15 асистенции во 46 натпревари, а трофејот му го врачи легендарниот Зинедин Зидан.
За најдобар млад играч е прогласен Гави (Барселона), најдобар напаѓач е Роберт Левандовски (Барселона), додека најдобар голман е Тибо Куртоа (Реал Мадрид). За клуб на годината е прогласен Манчестер Јунајтед.
Златна топка во женска конкуренција освои Алексија Путелас (Барселона).