Кастратовиќ по денешната жрепка: Го посакувавме Кринс, фаворити сме

Ракометниот клуб Металург по денешната жрепка во Виена за противник во второто квалификациско коло на Лига Европа го доби тимот на Кринс од Луцерн.

Тренерот на Металург, Зоран Кастратовиќ по добивањето на противникот призна дека швајцарскиот претставник беше еден од посакуваните противници.

– Пред почетокот на жрепката, Кринс беше еден од клубовите што најмногу ги посакував. Сметам дека фаворитската улога и во овој дуел му припаѓа на Металург, но истата ќе мораме да ја оправдаме на терен. Засега немаме многу информации за противникот, каде игра и поранешниот ракометар на Металург, Лапајне, но ќе биде погрешно ако го потцениме Кринс. Сепак, се работи за цврст и добар тим, кој многу лесно ја реши хрватска Дубрава во првото квалификациско коло. Тоа особено важи за средбата во Хрватска, каде Криенс славеше со огромни 9 голови предност. Во суштина многу работи зависат од самите нас. Ако играме на ниво, фокусирано и дисциплинирано, тогаш веројатно ќе немаме проблем. Не смееме да дозволиме да ни се повтори средбата со Спачва во Винковци, каде, место да го докршиме отпорот на противникот, претрпевме пораз“, изјави Кастратовиќ.

Првата средба ќе се одигра во Скопје, на 22 септември, додека реваншот е закажан на 29 септември во Луцерн.

Во другите натпревари ќе се сретнат:

Бидасоа Ирун – Нексе
Потаиса Турда – Феникс Тулуз
Бјерингбо Силкеборг – ЦСКА Москва
Холстебро – РНЛ
Бенидорм – Фиверс
Азоти Пулави – Кристијанштад
Констанца – Спортинг Лисабон
Ѓунѓеш – Фуксе Берлин
Тримо Требње – Балатонфуред
Винтертур – ГОГ
Скјерн – Монпелје

Тагови
реклама

Зошто коронавирусот е толку опасен за човечкиот организам?

Read more

Храна која е богата со витамин Д

Read more

До СЗО стигна пријава за забрзана регистрација на вакцината Спутник V

Read more

Погледнете што може да направи камера од 3.200 мегапиксели

Read more

Ракомет

Пелистер тесно поразен во првото коло на Европската лига

Read more

Официјално: Одложен натпреварот со ПСЖ поради двајца позитивни во Вардар

Read more

Ракометарите на Вардар не отпатуваа за Париз

Read more

Нов позитивен играч во Металург, целиот тим оди во изолација

Read more

Спорт

Пелистер тесно поразен во првото коло на Европската лига

Читај повеќе

Претседателот на ФИФА позитивен на COVID-19

Читај повеќе

Официјално: Одложен натпреварот со ПСЖ поради двајца позитивни во Вардар

Читај повеќе

Мурињо: Во Тотенхем нема место за примадони

Читај повеќе

Ракометарите на Вардар не отпатуваа за Париз

Читај повеќе

МекТоминеј: Нема поента да го победиш ПСЖ ако одиграш лошо против Лајпциг

Читај повеќе

Извлечени четвртфиналните двојки во домашниот фудбалски куп

Читај повеќе
  • play_arrow

Рамос е најдобриот дефанзивец во историјата, според France Football

Читај повеќе
  • play_arrow

Модриќ не е загрижен за својата иднина во Мадрид

Читај повеќе