Казнети 180 пијани возачи и 330 за брзо возење

Во текот на изминатото деноноќие полициските службеници затекнале 180 возачи кои возеле под дејство на алкохол, а напишале и 330 казни за непочитување на дозволената брзина. Од сите казни дури 188 ги направиле скопјани.

„Во текот на вчерашната вечер (19/20.03.2022) во периодот од 22:00 до 3:00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Републиката, при што санкционирани се 180 возачи. Од нив 43 на територија на СВР Скопје, 27 на територија на СВР Куманово, 21 на територија на СВР Струмица...“, соопшти МВР.

Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола и за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 330 возачи. Од нив 34 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 139 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 191 надвор од населено место.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 188 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 60 санкции, 34 мерки за возење под дејство на алкохол, 13 санкции за возење без возачка дозвола. Изречени се 5 мерки за користење мобилен телефон, 7 санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло) и 40 за непрописно паркирање.

„Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, апелира МВР до несовесните возачи.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Хроника

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Read more

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Read more

Екстрадиран Бесим Красниќи

Read more

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Read more
 

Вести

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе

За неколку дена претседателката Силјановска ќе ја има првата посета во странство

Читај повеќе

Денес дожд и грмежи, можно е краткотрајно невреме со силен ветер и град

Читај повеќе

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе