AS: Холанд нема откупна клаузула, но постои таен договор

Ерлинг Браут Холанд во моментов е најбараниот играч на пазарот.

Неверојатниот 21-годишен напаѓач постигна 68 голови на 67 натпревари за Борусија и долго време беше цел на најголемите европски клубови. Тие го сакаа Норвежанецот и ова лето, но Борусија инсистираше да остане бидејќи во 2022 година наводно може да се добие за фиксна компензација од приближно 80 милиони евра.

Но, шпанскиот весник AS објави денеска, повикувајќи се на извори блиски до клубот, дека нема клаузула во договорот на Холанд со Борусија, коj важи до 2024 година. Директорот на Борусија, Ханс-Јоахим Вацке исто така најави заминување на Норвежанецот на крајот на сезоната.

„Постојано ги слушам оние ‘експерти’ кои велат дека треба да го продадеме следното лето. Тоа е целосна глупост. Одлуката е целосно на клубот, а ние сѐ уште не сме одлучиле дали ќе го продадеме Холанд или не“, рече Вацке.

Таен договор помеѓу клубот и играчите

Но, AS објави дека Борусија има таен устен договор со Холанд и неговиот менаџер Мино Рајола. Тие не инсистираа на трансфер ова лето и клубот, наводно, ќе се сретне со нив следното лето и ќе влезе во преговори со клубот по нивен избор. Во превод, Борусија нема да му направи проблеми на Холанд во врска со евентуален трансфер.

„Кога Рајола го донесе Холанд во Борусија во 2020 година, еден од условите беше Вацке да му вети дека ќе го пушти во 2022 година. Рајола го сакаше Холанд во Дортмунд каде што нема толку голем притисок врз младите играчи и мислеше дека тоа е идеална средина за неговиот развој. Беше во право и сега очекува Борусија да го испочитува својот дел од договорот“, пишува AS.

Холанд дојде во „Сигнал Идуна Парк“ за само 20 милиони евра, колку што изнесуваше неговата откупна клаузула во Салцбург. Бројни клубови го сакаа, тој веќе стигна до преговори во Манчестер Јунајтед, само за да се премисли во последен момент и да замине во Дортмунд.

реклама

Фудбал

Лаутаро Мартинес ѝ ја донесе третата победа на Аргентина на Копа Америка

Read more

Најголемиот малер на ЕУРО полуде по дуелот со Германија

Read more

Реал продава играч кој одигра 31 натпревар во текот на 9 години

Read more

Реакциите на децата кои излегуваат со играчите се најубавиот дел од ЕУРО

Read more
 

Спорт

Почнува Вимблдон: Ѓоковиќ ја брани честа на старата гарда, Синер и Алкарас фаворити

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес ѝ ја донесе третата победа на Аргентина на Копа Америка

Читај повеќе

Најголемиот малер на ЕУРО полуде по дуелот со Германија

Читај повеќе

Реал продава играч кој одигра 31 натпревар во текот на 9 години

Читај повеќе
  • filter

Реакциите на децата кои излегуваат со играчите се најубавиот дел од ЕУРО

Читај повеќе

Најпознатата велосипедска трка Тур де Франс за прв пат стартува во Италија

Читај повеќе
  • play_arrow

Што добивате со карти од 30 и од 400 евра за ЕУРО 2024?

Читај повеќе

На натпреварот Турција-Чешка паднаа најмногу картони во историјата на ЕУРО

Читај повеќе

Роналдо на 39 години го истрча најбрзиот спринт во кариерата

Читај повеќе