Киев ги демантира наводите за киднапиран украински авион во Кабул

Информациите на медиумите за киднапиран украински авион во главниот град на Авганистан се невистинити, изјави денеска портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи, Олег Николенко за украинската агенција РБЦ.

„Ниту еден украински авион не е киднапиран во Кабул или на кое било друго место. Наводите за киднапиран авион кои ги пренесоа некои медиуми се невистинити“, нагласи Николенко.

Според него, сите авиони со кои Киев ги евакуирал украинските државјани од Авганистан безбедно се вратиле во Украина, а досега се евакуирани 256 лица на три летови.

Портпаролот на Иранската организација за цивилно воздухопловство, Мохамад Хасан Зибакш, исто така ги негираше информациите за киднапиран авион.

Тој посочи дека еден украински авион слетал во иранскиот град Машад, но за да наполни гориво, а потоа продолжил кон Киев, каде што пристигнал во 22:50 часот по локално време.

Претходно денеска, украинскиот заменик министер за надворешни работи, Јевгениј Јенин, изјави дека неидентификувани лица киднапирале украински авион и го пренасочиле кон Иран.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Свет

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Read more

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Read more
 

Вести

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе

За неколку дена претседателката Силјановска ќе ја има првата посета во странство

Читај повеќе

Денес дожд и грмежи, можно е краткотрајно невреме со силен ветер и град

Читај повеќе

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе